Додола: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
{{внимание}}
'''Додола''' или '''Перперуна''' e битие од словенската митологија која предствува богиња на дождот, а се поврзува со врховниот бог на молњата [[Перун]].
==
<poem>< обредот по нивите, а некаде се капеле во реката по завршениот обред.
 
== Ритуали ==
 
Додолските ритуали се обредни пагански игри чии магиски елементи требале да предизвикаат дожд. Во играта учествуваат само девојки, најчесто млади девојчиња (5-10 години) бидејќи обредните правила барале потполна невиност. Девојките, наречени Додолчиња оделе облечени во стара облека, најчесто испокината, на главата носеле венци од трева, жито и цвеќе, а во рацете букети цвеќе со кои прскале вода по дворовите. Меѓу девојките е избирана главната додола, најчесто сираче, која се соблекувала и врз себе фрлала цвеќе и трева. Главната додола танцувала пред секоја куќа, а останатите девојки кое оделе поредени две по две пееле додолски песни:
 
<poem><i>
дарувајте додолето,
додолето сирачето,
да попадне темна магла,
да зароси ситна роса,
да наводи рамно поле,
да си роди бериќетот!
</i></poem>
 
Обраќањето на додолките најчесто се однесувало на бога кому му била упатена молитвата:
 
<poem><i>
додолица бога моли,
ој додоле, мили боже,
дај ни, боже ситна роса, да нароси редом поле...
</i></poem>
 
По пеењето домаќинката ги прскала девојките со вода и им дарувала брашно, волна, сланина, пари, но никогаш јајца, бидејќи се верувало дека тогаш би паѓал град. Некаде добиеното брашно го носеле кај вдовица која правела бакрдан (качамак) кој го јаделе врз чинија свртена наопаку, а од која претходно е истурена вода, некаде вдовицата правела обреден леб кој додолките го кршеле врз главата на главната додолка. По завршување на обредот со заедничкиот ручек на додлките, тие ги фрлале венците и букетите во река. Во некои краишта додолките го изведувале обредот по нивите, а некаде се капеле во реката по завршениот обред.
 
Во [[Јужна Србија]] додолките оделе на гробишта и од непознатиот гроб ваделе дрвен крст кој го натопувале во реката. Кај Русите бил забележен обичај при големите суши да се ископа гроб на покојникот и врз него да се истури водата. Ова го навело Гаспарин да тврди дека додолските обредни игри во себе содржат и почит и повик кон душите на претците. Кон ова се придодаваат и обичаите главната додолка да е сираче, вдовицата да го готви бакарданот или да го меси лебот, но и кај [[Јужните Словени]] во древните времиња било запомнето откопување на гробовите и полевање на покојникот. Исто така во некои краишта се верувало дека на починатиот до година дена од смртта мора секојдневно да му се носи вода или да се раздава инаку од неговата жед и лутината ќе има суша.
 
== Користена литература ==
овенска митологиј][bg:Пеперуа]
* [[Гордана Стојковска]], ''„Речник на јужнословенска митологија“'', 2004, [[Издавачки центар Три]], [[Скопје]] ISBN 9989-918-97-X
[[uk:Додо]]
 
== Надворешни врски ==
*{{YouTube|id=X0BgBEtnK4s|title=Додолски ритуали од битолскиот крај}}
 
{{Словенска митологија}}
 
[[Категорија:Словенска митологија]]
 
[[bg:Пеперуна]]
[[cs:Perperuna]]
[[en:Dodola]]
[[it:Perperuna]]
[[pl:Perperuna]]
[[ru:Додола]]
[[uk:Додола]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Додола