Илири: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
Илирите располагале со културни обележја, обичаи и верувања. Тие верувале во [[задгробен живот]], а исто така ги толкувале и природните појави како желби на нивните богови. Најпознати богови биле [[Видасус]], [[Магла (бог)|Магла]], [[Биндус]] и др. Илирите исто така имале и свој јазик, но со потпаѓањето под римска власт настапил период на [[романизација]], па постепено започнале да го прифаќаат [[Латински јазик|латинскиот јазик]], а својот јазик постепено го изгубиле.
 
Баршшшшшшшшшшшшшшшшшш
== Илирски кралства ==
За да се одбранат од надворешните напади, илирските племиња понекогаш се здружувале во поголеми племенски сојузи, на чело со заеднички владетел – крал. Така биле создадени повеќе племенски сојузи или кралства на Илирите.
Најстарото кралство на Илирите било создадено кон крајот на петтиот век пред н.е., на источното крајбрежје на Јадранското Море. Тоа била моќна држава на чело со кралот Грабос. Освен Грабос, познат владетел на оваа илирска држава бил и кралот Бардилис, современик на македонскиот крал Филип II. Тој војувал успешно против македонското кралство, но на крајот бил поразен од Филип II. За време на неговиот наследник, кралот Грабос II, кралството почнало да слабее.
 
===Кралство на Таулантите===
Во втората половина на четвртиот век пред н.е.,било создадено ново илирско кралство. Кралот наТаулантите по име Главкија успеал да обедини повеќе илирски племиња и создал силна држава – кралство на Таулантите. Главкија го искористил слабеењето на Македонија по смртта на кралот Александар III, па успеал да ги прошири териториите на своето кралство. Ги потчинил и богатите хеленски колонии Епидамнос и Аполонија. Илирите од соседните области почнале да се населуваат во овие градови. Така сè повеќе се засилувало илирското влијание. Кралството на Таулантите не траело долго. По смртта на кралот Главкија, кон крајот на IV век, тоа започнало да опаѓа.
 
=== Кралството на Ардиеите ===
Најпозната држава на Илирите е кралството на Ардиеите. Тоа било создадено во третиот век пред н.е., под водство на племето Ардиеи. Кралот на Ардиеите Агрон успеал да обедини повеќе сродни илирски племиња и да создаде голема и силна држава, со престолнина во градот Скадар.
Кралот Агрон располагал со силна флота и копнена војска. Во негово време избувнала голема војна против Римјаните. Агрон успешно војувал против Римјаните и Хелените. Со своите лесни и брзи бродови, тој ги напаѓал римските и хеленските трговски бродови и колонии на Јадранското и Јонското Море. Илирите ги напаѓале и населбите на копното. Ги задржувале за себе земјоделските производи и добитокот, а се населувале и во неутврдените села. По смртта на кралот Агрон, на чело на кралството застанала неговата жена, кралицата Теута. Таа успеала уште повеќе да ја зајакне државата и да ги прошири нејзините граници.
Судирите на море продолжиле и уште повеќе се засилиле. Затоа, Римјаните морале да испратат војска против Илирите. Во борбата со Римјаните кралицата Теута била поразена. Таа морала да ја признае римската власт, да им отстапи дел од своите територии и да им плаќа данок на Римјаните. Освен кралството на Теута, мошне силно било и кралството на Дарданците. Тоа било соперник на Теута и остар противник на македонското кралство.
 
==Култура на Илирите==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илири