Хераклеја Линкестис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 49:
== Историја ==
[[Податотека:Statua vo Heraclea vo Bitola, Macedonia.jpg|thumb|300px|десно|Скулптура во Хераклеја]]
Пичкати матер рекол тој
 
Градот бил основан во предримскиот период, веројатно од страна на македонскиот крал [[Филип II Македонски|Филип II]] или [[Филип V (појаснување)|Филип V]]. Според пишаните извори, по освојувањето на Линкестида, Филип II подигнал тврдина (веројатно Хераклеја) преку која можел да контролира дел од кралството. Исто така постои податок според кој во почетокот на II век пр. н.е., за време на војните со Римјаните, македонскиот крал [[Филип V (појаснување)|Филип V]] изградил неколку тврдини во пограничните области за да ја осигура границата на кралството.
 
По победата на Римјаните и поделбата на Македонското кралство на четири области (мериди), Хераклеја влегла во составот на четвртата мерида. Највисок степен на цивилизациски развој во време на римското владеење градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во овој период Хераклеја станува силен економско-политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сe уште давале свој белег на градот.