Михаил Даев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
Откако судирот помеѓу левицата и десницата во Организацијата се заострил, Даев добива наредба од серчани физички да ги ликвидира [[Задгранично претставништво|задграничните претставници]] на Организацијата, [[Иван Гарванов]], [[Христо Матов]] и [[Борис Сарафов]]. Но Даев се разочарува од [[Јане Сандански]] и се свртува против него. Решава да ја искористи блискоста со Сандански за да го убие. Во септември [[1907]] година, преку [[Тодор Паница]], испраќа писмо до Гарванов, во кое го известува за своите намери. Но, Паница, иако Даев му е кум, писмото го предава на Сандански. По добивањето на писмото Серскиот окружен комитет на [[10 октомври]] ги осудува Сарафов, Гарванов и Даев на смрт. Даев е првиот од овие тројца ќе загине. Откако ќе биде фатен, се самоубива на [[30 октомври]] [[1907]] година во с. [[Либјахово]]. Со неговата смрт започнуваат меѓусебните убиства во [[Македонска револуционерна организација|Oрганизацијата]].
 
Според „Дневникот“ на Михаил Чаков, сето тоа потекнало од Борис Сарафов и Иван Гарванов, задграничните претставници на Серскиот Округ, кои што заедно со Даев посакале да го превземат местото на Сандански<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2010/01/mihail-chakov-dnevnik-na-revoliucionnia.html Михаил Чаков: Дневник на мојот револуционен живот, стр. 193]</ref>. Во 1907 г. Михаил Даев бил кум на свадбата на неговиот другар од детството, Тодор Паница. Неколку дена по свадбата Даев се обидел да го вовлече Паница во заговор за убиство на Јане Сандански. Паница првично прифатил, но во клучните моменти кај него преовладала лојалноста кон Сандански и му кажал за заговорот. Потоа следело соочување на Михаил Даев со Паница и други претставници од Округот, каде лично пред Сандански понизно признал дека бил заведен од Сарафов и Гарванов, дека се кае и замолил веднаш сам да си пресуди. Така и било, Сандански кажал да му се даде неговиот револвер, и Даев си пукал во главата, пред сите.
 
 
 
[[Христо Силјанов]] за Даев вели: