Водоземци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 51:
 
Се состои од [[усна празнина]], [[голтка]], [[хранопровод]], [[желудник]] и црево. [[Јазик (анатомија)|Јазикот]] кај повеќето водоземци е добро развиен, а кај жабите тој се разликува од јазикот на другите ‘рбетници, бидејќи тој не е прикрепен на задниот, туку на предниот крај на усната празнина. Забите се адаптирани за фаќање и задржување на пленот, но не и за џвакање. Најмногу е развиен желудникот, а цревото е поделено на [[Дванаесетпалечно црево|дванаесетпалечно]], [[Тенко црево|тенко]] и [[дебело црево]]. Во дванаесетпалечното црево се вливаат црнодробниот и жолчниот канал, кој е споен со [[панкреас]]ниот канал. Во тенкото црево се одвива конечната дигестија и ресорпцијата на хранливите материи во крвта. Во дебелото црево се насобираат несварените остатоци од храната. Дебелото црево завршува со [[право црево]] наречено [[клоака]]. Во него се отвораат и [[Мочен меур|мочниот меур]] (како одбрана, жабата може да испушти млаз од насобраната мочка), мочководите и јајцеводите (кај женките). Водоземците се способни да издржат долги периоди на гладување; жабата која е оставена во влажна средина може да издржи без храна и до повеќе од две години.
 
=== Систем за дишење ===
 
Повеќето водоземци дишат преку белите дробови и кожата (кутана респирација, опишана погоре). Белите дробови се слабо развиени и се нецелосни. Тие имаат мала внатрешна површина за контакт со вдишениот воздух. Белите дробови поседуваат форма на издолжени вреќи со тенки еластични ѕидови во кои се наоѓаат многубројни капилари. Ваквите бели дробови не можат целосно да го снабдат телото со [[кислород]]. Водоземците не го всмукуваат воздухот, туку го проголтуваат. Животното го зголемува обемот на усната празнина и во неа преку ноздрите влегува воздух. Кога дното на усната празнина се насочува кон горе, ноздрите се затвораат и воздухот се бутка преку гркланот во белите дробови. Белодробното и кожното дишење кај водоземците е нееднакво развиено. Оние видови кои поголемиот дел од животот го живеат во вода имаат послабо развиени бели дробови, а подобро е развиено кожното дишење. [[Ларва|Ларвите]] на водоземците дишат со [[жабри]]. Кај некои опашкари жабрите се задржуваат во текот на целиот живот.
 
=== Крвоносен систем ===