Социјалистичка Автономна Покраина Косово: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 41:
 
==[[Втора Светска Војна]]==
По краткотрајната Априлска војна, [[Косово]] во 1941. е окупирано од силите[[Силите на Оската]]. [[Италија]] го окупирала [[Косово]], како и деловите на [[Македонија]] и [[Грција]] која ги приклучила под [[Голема Албанија]], која беше италијански протекторат.
 
Партизанското востание, под раководството на КПЈ, на [[Косово]] се развиваше побавно за разлика од другите краеви на [[Србија]] и [[Југославија]], поради големите репресии, тешкиот живот под италијанската окупација, одведувањето во логори и принудна работа.
 
Цело време на војната албанските маси не сакаа да се активираат во народноослободителна организација, па во тие услови, поради непријателскиот став кон [[Југославија]], фронтот против окупаторот на Косово беше лишен од масовна база, кој ги имал во другите делови од земјата. Дури во есента 1941. година се формира Главен штаб на НОВ и ПО на Косово и Метохија, Првиот албански НОП одред „Зејнел Ајдини“ и Шарпланинскиот НОП одред.
 
Од април 1943. на Косово се наоѓаше делегат на Врховниот штаб и Централниот комитет на КПЈ Светозар Вукомановиќ Темпо, при што е направен голем напредок во организирање на вооружена борба против окупаторот. Во ноември 1943. година е формирана Првата македонско-косовска бригада.