Кирил Полошко-кумановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
 
Во [[1969]] година заминал за [[Канада]], со седиште во [[Торонто]] со цел да ја организира прекуокеанската епархија. Со Австралиската епархија, која во [[1974]] година била одвоена од Американско-канадската активно раководел до [[1982]] година, а со Американско-канадската до [[1987]] година. Во периодот на раководењето со овие епархии, од 1971 до 1978 година администрирал и со Полошко-кумановската епархија. Во [[1987]] година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит.
 
Коавтор е на монографијата "''Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим''", Скопје, 1979 година. По упокојувањето на Архиепископот Доситеј, од [[22 мај]] до [[19 август]] [[1981]] година, до изборот на новиот поглавар Архиепископот Ангелариј ја извршувал должноста местобљустител на архиепископскиот трон.
 
Прогласен е за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во [[САД]] и во [[Канада]] и во неколку града во [[Австралија]]. Добитник е на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ.
 
Зборува руски и се служи со англискиот јазик.