Социјалистичка Автономна Покраина Косово: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 51:
Иако војната била завршена во 1945. година, на просторот на Косово и во западна Македонија, сè до 1952. година, делувале групи од разбиените балисти (остатоци од албанските окупациски сили). Во борбата во Косово против нив учествувале единиците на ОЗНА и УДБА кои најчесто во поединечни борби ги разбиле остатоците од балистите, додека одреден број од нив се извлекол и сокрил во странство.
 
==Косово во 60тите и 70тите==
 
По завршувањето на војната, Косово и Метохија беа вратени во [[Југославија]], и влегува во состав на [[Социјалистичка Република Србија|Народна Република Србија]]. '''Автономната Косовско-Метохиска Област''' (АКМО) официјално е прогласена на 10. јули 1945.<ref name="Z45"/> година, а данешните граници областа ги добила во [[1959]]. година со проширување на север, кога делови од [[Општина Рашка]] беа додадени на областа како делови од општината [[Лепосавиќ]] (денешно [[Северно Косово]]).
 
Во април 1963. година, АКМО беше подигната на ниво на покраина, постанувајќи '''Аутономна Покрајина Косово и Метохија'''. Во ноември [[1968]]. година името на покраината е променето во '''Социјалистичка Автономна Покраина Косово''', каде името Метохија е одземено од називот. Меѓу [[1974]]. и [[1989]]. година, Косово и Метохија фактички имаше статус на федерална единица во [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|СФРЈ]], иако формално и понатаму беше дел од Србија.
 
Иако албанското национално малцинство имаше широк степен на автономија, доаѓаше до чести немири на Косово (како и во албанско населените подрачја во Македонија т.е Тетово), посебно во 1968 и 1981 година, кога започна и првото јавно изнесување на барањето Косово да стане република во склоп на [[СФРЈ]], потоа и за независност на Косово, како и припојување кон [[Албанија]].
 
{{Никулец од областа на историјата}}