Социјалистичка Автономна Покраина Косово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава tr:Kosova Özerk Sosyalist Bölgesi
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
}}
 
'''Социјалистичка Автономна Покраина Косово''' ([[Српскохрватски јазик|српскохрватски]]:''Socijalistička Autonomna Pokrajina Kosovo'', Социјалистичка Аутономна Покрајина Косово, [[албански јазик|албански]]: ''Krahina Socialiste Autonome e Kosovës''), или кратко '''САП Косово''' ([[Латиница]]: SAP Kosovo), била една од двете [[Социјализам|социјалистички]] автономни покраини на [[Социјалистичка Република Србија]] од [[1963]] до [[1990]] и една од федералните единки на [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија]] од [[1974]] до 1990. Нејзин главен град бил [[Приштина]]. Беше претходник на модерното [[Косово]].
 
===Историја===
 
Називот Косово потекнува од [[српски]]от збор кос, кој значи црна птица, додека Нетохија од зборот метох, со кој се наречени црквените имоти.
На Косово Поле во 1389. година се одиграла [[Косовската битка]], во која Србите доживеале пораз од најмоќната турска војска. Меѓу 1459. и 1912. година, Косово беше во составот на [[Отоманската империја]]. од 1912 година Косово беше во составот на [[Кралство Србија|Кралството Србија]], а од 1918. во состав на [[Кралството СХС]].
 
==[[Втора Светска Војна]]==
По краткотрајната Априлска војна, Косово во 1941. е окупирано од силите на Оската. Италија го окупирала Косово, како и деловите на Македонија и Грција која ги приклучила под [[Голема Албанија]], која беше италијански протекторат.
 
Партизанското востание, под раководството на КПЈ, на Косово се развиваше побавно за разлика од другите краеви на [[Србија]] и [[Југославија]], поради големите репресии, тешкиот живот под италијанската окупација, одведувањето во логори и принудна работа.
 
Цело време на војната албанските маси не сакаа да се активираат во народноослободителна организација, па во тие услови, поради непријателскиот став кон Југославија, фронтот против окупаторот на Косово беше лишен од масовна база, кој ги имал во другите делови од земјата. Дури во есента 1941. година се формира Главен штаб на НОВ и ПО на Косово и Метохија, Првиот албански НОП одред „Зејнел Ајдини“ и Шарпланинскиот НОП одред.
 
Од април 1943. на Косово се наоѓаше делегат на Врховниот штаб и Централниот комитет на КПЈ Светозар Вукомановиќ Темпо, при што е направен голем напредок во организирање на вооружена борба против окупаторот. Во ноември 1943. година е формирана Првата македонско-косовска бригада.
 
Иако војната била завршена во 1945. година, на просторот на Косово и во западна Македонија, сè до 1952. година, делувале групи од разбиените балисти (остатоци од албанските окупациски сили). Во борбата во Косово против нив учествувале единиците на ОЗНА и УДБА кои најчесто во поединечни борби ги разбиле остатоците од балистите, додека одреден број од нив се извлекол и сокрил во странство.
 
 
{{Никулец од областа на историјата}}