Изгорени од сонцето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Mspop (разговор | придонеси)
Нова страница: „Изгорени од сонцето“ (Руски: Утомлённые солнцем, Utomlyonnye solntsem) е филм од 1994 година на рускиот ...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
„Изгорени од сонцето“ (Руски: Утомлённые солнцем, Utomlyonnye solntsem) е филм од [[1994]] година на рускиот режисер и актер [[Никита Михалков]]. Филмот, помеѓу другите награди, ги доби Главната награда на Филмскиот фестивал во Кан и [[Оскар]] за најдобар филм од странско говорно подрачје.
 
===Заплет===
 
Филмот започнува со [[1936]] година, пред самата „Голема чистка“ на [[Јосиф Сталин]]. Генерал мајор Сергеј Котов (Никита Михалков), идеалист комунист и воен херој од [[Октомвриска револуција|Бољшевичката револуција]] и Руската граѓанска војна, ужива во животот во неговата селска куќа. Покрај него се Мароусиа, поранешна благородничка која станала негова жена, неговата ќерка Надја и членови на поширокото ексцентрично семејство на неговата сопруга составено од поранешни благородници. Харизматичниот Котов, опуштен пред пензија, е инспирација за сите околу него.