Цариград: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 77.29.222.219) и вратена ревизијата 2857675 на MerlIwBot
Ред 25:
=== 395–527 ===
 
Првиот познат управител на градот бил Хоноратиј, кој ја презел функцијата на [[11 декември]] [[359]] година и на таа функција се задржал до [[361]] година. Императорот [[Валенс]] ја изградил палатата [[Хебдомон]] на брегот од [[Мраморно Море]], во близина на Златната порта на градот. Ситен императори биле крунисувани во оваа палата. [[Теодосиј I]] го основал [[Студиски манастир|Студискиот манастир]], бил изграден столб на Форумот и бил реновиран храмот на Афродита, кој објект бил претворен во куќа за преторот. Во времето на [[Аркадиј]] бил изграден нов форум, кој денеска е познат како [[форум на Аркадиј]].
 
Важноста на Константинопол постепено започнала да се зголемува во империјата. По [[Битка кај Адријанопол (378)|битката кај Адријанопол]] во 378 година, римската војска доживеала голем пораз од Визиготите. Преку оваа битка императорот започнал да размислува за изградба на нови ѕидини. Така во времето на [[Теодосиј II]] во [[413]] година ѕидините биле изградени. Во тоа време бил основан и [[Константинополски универзитет]].