Дончо Штипјанчето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
починал-место = {{починал во|Ќустендил|}}, [[Бугарија]]|
}}
'''Андон Стојанов Тошев''' ([[Ерџелија]], {{роден во|Светиниколско}}, {{роден на|||1867}} - [[Ќустендил]], {{починал во|Бугарија}}, {{починал на|15|април|1931}}) познат како ''Доне Тошев'' или ''Дончо Штипјанчето'' бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. <ref name="KND">Крупишки Н. Дуков Г.-Дончо Штипjанчето - првиот курир на Гоце Делчев.Според спомените и сведоштвата на неговата керкаќерка Елена Тошева-Рашенова.Штип 1995/6 изд. Штампа</ref> Станал синоним на револуционерна тврдокорност.
 
== Биографија ==
Ред 29:
Една вечер, во почетокот на април, поточно на 3 април 1896 година, Тодор Станков, во куќата на Доне, донел десет празни бомби и заедно ги сокриле во вреќите ориз. Му дал и некои писма за неговиот брат во Прилеп и уште едно писмо адресирано до ''Аврам'' во Битола. Писмото било шифрирано без печат и датум. Наредбата била во случај на опасност Доне да го искине писмото и да избега без коњите и опасниот товар. Доне ја прифатил задачата без приговор. Во сабота пристигнал во Прилеп, му го предал пакетот на братот на Тодор Станков и наредниот ден заминал кон Битола. Пред Битола, кога наближил до стражарниците Доне забележал дека сообраќајот се одвива отежнато, бидејќи имало стражари чија работа било да ги пронаоѓаат шверцерите на тутун. Стражарите со долги метални шипки ги проверувале товарите на коњите. При тоа, забележале дека во еден од товарите, железните шипки удирале на нешто метално, па се посомневале во товарот. Кога почнале да го бараат човекот и да се распрашуваат чии се коњите, Доне го искинал писмото од Гоце Делчев, дел од писмото фрлил, дел проголтал. Го фатиле и го приморале да го извади скриениот товар. Доне и самиот се преправал дека е зачуден, кажувајќи дека не знае од каде се нашле во неговиот товар. Стражарите нашле дел од писмото, но само оној дел каде пишувало ''Аврам''. Доне објаснувал дека тоа му било подметнато од евреинот од Виница од кој го земал оризот. Стражарите не му поверувале, па го затвориле. Тука започнале маките на Доне. Тоа се случило на 19 април 1896 година. Бил затворен во темен долап, каде не можел ниту да седне ниту да легне. <ref>м-р Глигор Дуков, Никола Крупишки, Дончо Штипјанчето, Андон Тошев Стојанов, Културно-просветна заедница-Штип,1996</ref>
 
== Во затворот ==
Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого.<ref>м-р Глигор Дуков, Никола Крупишки, Дончо Штипјанчето, Андон Тошев Стојанов, Културно-просветна заедница-Штип,1996</ref> Тоа му дало можност на [[Гоце Делчев]] да се врати во [[Штип]] од планирано патување во [[Софија]], тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во [[Скопје]] но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. [[Ѓорче Петров]] за апсењето на Дончо вели:
Веста дека Доне е фатен со бомбите во оризот, брзо се разнела, како во Битола, така и низ цела Македонија. Од уста на уста се пренесувало: {{Цитатник|'' Фатен е курирот на Организацијата. Тој насекаде разнесуваше писма и оружје, ја знае целата мрежа и ги познава луѓето што дале клетва за верност. Ако проговори, Организацијата е загубено. Ќе ги фатат и убијат најверните луѓе.''}}
Еден од челните луѓе на Битолскиот револуционерен комитет, Глигор Попев раскажува дека, кога разбрал дека Доне бил фатен од властите, тој го известил Петар Попарсов, па морале да сокријат се што е сомнително. Но, тој вели: {{Цитатник|''...штом дотогаш не бев уапсен, Доне не издал ништо.''}}
Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого.<ref>м-р Глигор Дуков, Никола Крупишки, Дончо Штипјанчето, Андон Тошев Стојанов, Културно-просветна заедница-Штип,1996</ref> Тоа му дало можност на [[Гоце Делчев]] да се врати во [[Штип]] од планирано патување во [[Софија]], тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во [[Скопје]] но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. [[Ѓорче Петров]] за апсењето на Дончо вели:
 
{{Цитатник|''Нашиот ужас од оваа вест беше неописив. Зашто аферата беше прва по ред. Тврдината на карактерот на курирот не ни беше испитана и докажана, а ние самите не бевме прекалени, не ја знаевме судбината на писмото, ниту пак држењето на затвореникот.''}}