Разлика помеѓу преработките на „Џон фон Нојман“

с (Робот: Додава az:Con fon Neyman)
 
== Биографија ==
<p>Џон фон ЊуманНојман е роден на 28 Декември 1903 година во Будимпешта – Унгарија како најстар од тројца браќа во банкарско семејство. Уште како мал бил забележан како чудо од дете во областа на јазикот, меморирањето и математиката. Како шест-годишен можел да подели осум-цифрен број во главата. Иако неговиот татко инсистирал да оди во редовно училиште, сепак се согласил да ангажира приватни тутори па така Њуман на 15 години учел напредни анализи слушајќи приватни часови од познатиот аналитичар Габор Зего (кој бил запрепастен од математичкиот талент на Њуман). Својот прв труд го издава на 18 години под раководство на М.Фекет од кого слушал и приватни часови. Во 1921 година студирал хемија и дипломирал во 1925. Се стекнал со звање доктор по математика на 22-годишна возраст на Фармацефскиот Факултет во Будимпешта. Во 1937 година станува натурализиран граѓанин на САД. За време на политичките немири во централна Европа, бил поканет да го посети Универзитетот Принстон во 1930-та и кога Институтот за напредни студии бил основан 1933 година, тој бил назначен како еден од првите шест професори по математика, место кое го задржал до крајот на животот. Умира на 8 Февруари 1957 година. </p>
 
== Достигнувања ==
<p>Тој направил големи придонеси во многу области, посебно во областа на теорија на множествата, функционални анализи, квантна механика, геометрија, линеарно програмирање, теорија на играта итн. Заедно со уште двајца научници ги разработиле клучните чекори во нуклеарната физика, вклучени во термонуклеарните реакции и водородната бомба. Неговата математичка анализа на структурата на авто-репликацијата претходела на откривањето на структурата на ДНК.</p>
Анонимен корисник