Донечка Област: Разлика помеѓу преработките

област во Југоисточна Украина
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Област во Украина | име = Донечка област | изворно име ...
(нема разлика)

Преработка од 18:41, 10 февруари 2013

Донечка област
Донецька область
Знаме

Местоположба
Донечката област е означена со бледо-црвена боја
Информации
Админ. центар:Донецк
Официјални јазици:украински
Површина:26 517 km²
Население:4 378 073 (01.12.2012)
Број на реони:18
Регистерска ознака:АН
Областен управител:Андриj Шишацки


Донечка област (украински: Донецька область; исто така се нарекува и Донечшчина - украински: Донеччина) е област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Донецк.

Географија

Донечката област има вкупна површина од 26.517 км2. На запад се граничи со Запорошката и Днепропетровската област, на север со Харковската област, на југ со Азовско Море, а на исток со Луганската област и Русија. Во областа има 874 села и 52 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Миус и Лугањ.

Демографија

Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Донечката област го сочинуваат Украинците (56,87%), а остатокот го сочинуваат Руси (38,22%), Грци, Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други.

Надворешни врски