Ајше Хафса султан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Денеска нејзиното потекло е тема на дебата од страна на историчарите и според поголемиот дел од нив таа била ќерка на Менгли Гирај, владетел на [[Кримско ханство|Кримското ханство]]. Таа била родена во 1479 година и омажена за османлискиот принц и иден султан [[Селим I]]. Во [[Маниса]] престојувала со нејзиниот син кој бил владетел на регионот како шехзаде во периодот од 1513 до 1520 година. Во градот во нејзина чест биле изградени една џамија, основно училиште, колеџ и болница.
 
Како прва Валиде султан, статусот на мајката на султанот значително се променил. Во 1494 година таа го родила идниот султан Сулејман I. Освен Сулејман таа имала и три ќерки од Селим и тоа: Хатиџе султан, Бејхан султан и Шах султан.
 
Ајше Хафса султан починала во март 1534 година и била погребана во [[Џамија Јавуз Селим|џамијата Јавуз Селим]] во Фатих, Константинопол. Нејзиниот мавзолеј во голема мера бил уништен по земјотресот од 1884 година а во 1900 година започнала реконструкцијата. Денеска нејзиниот гроб е доста поедноставен за разлика од времето кога бил изграден.