Ајше Хафса султан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Ајше Хафса султан''' ([[османлиски јазик]]: عایشه حفصه سلطان) била првата со титула Валиде султан во Османлиската империја како мајка на Сулејман I и сопруга на Селим I. Во периодот од стапувањето на нејзиниот син во 1520 и нејзината смрт во 1534, таа била една од највлијателните личности во империјата, како и [[де-факто]] ко-регент за време на овие четиринаесет години.
 
Денеска нејзиното потекло е тема на дебата од страна на историчарите и според поголемиот дел од нив таа била ќерка на Менгли Гирај, владетел на [[Кримско ханство|Кримското ханство]]. Таа била родена во 1479 година и омажена за османлискиот принц и иден султан [[Селим I]]. Во [[Маниса]] престојувала со нејзиниот син кој бил владетел на регионот како шехзаде во периодот од 1513 до 1520 година. Во градот во нејзина чест биле изградени една џамија, основно училиште, колеџ и болница.