Гориво: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 41:
Горивата што даваат енергија по пат на [[нуклеарна фузија]] денес сè уште не се користат од човекот, но претставуваат главен енергетски извор за најмоќните [[ѕвезда|ѕвездите]] во вселената. Фузиските горива претежно се лесни елементи како [[водород]]от кои лесно се мешаат. За да се поттикне фузија, потребно е да се развие доволно висока температура, при која сите материјали би се претвориле во [[плазма]]. Ова им овозможува на јадрата да се судрат и да се залепат пред да се одбијат поради елекричниот полнеж. Овој процес се нарекува „фузија“ и оддава нуклеарна енергија.
 
Кај ѕвездите што претрпуваат фузија, горивото се состои од [[атомско јадро|атомски јадра]] што можат да оддаваат енергија поради попримањето на [[протон]]и или [[неутронинеутрон]]и. Јадрата се водородни, и се мешаат за да создадат [[хелиум]] по пат на [[протонско-протонска верижна реакција]] или со [[CNO-циклус]]. Кога ќе се истроши водородното гориво, фузијата продолжува со сè потешки елементи, иако добиената енергија ќе биде помала поради помалата разлика во врзивната енергија на јадрата. Добивањето на енергија трае сè додека не се добие железо-56 или никел-56, по што таа престанува, бидејќи овие јадра имаат највисоки врзивни енергии. Во сите понатамошни дејства на фузијата, елементите трошат енергија наместо да оддаваат, па затоа фузијата запира и ѕвездите умираат.
 
Научниците досега имаат вршено фузија само со водород (изотоп 2 и 3) за добивање на хелиум-4 бидејќи оваа реакција дава највеќе енергија. Најзастапени методи се електричното заробување (ITER), инертното заробување (загревање со ласер) и загревањето со високонапонска струја. Вака се добива огромна енергија: еден килограм водород дава 0,41 [[џул|петаџули]]. Ова значи дека енергетските потреби на светот можат да се задоволат трошење на 700 кг водород во секунда, споредено со сегашните милиони тони фосилни горива во секунда и загадувањето што го прават. Оваа технологија е сосем безбедна, бидејќи не зрачи ништо и воопшто не ја загадува околината, а во случај на протекување, горивото се ослободува во облик на обичен хелиум. Нажалост, ваквиот метод на добивање енергија не се очекува да најде примена во електростопанството пред 2040 г.<ref>{{цитирано списание
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гориво