За македонцките работи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Содржина на книгата: Неговиот поглед кон Мирцштегските реформи е многу важен за споменување
Ред 18:
== Содржина на книгата ==
 
Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за [[Македонско националноослободително движење|македонското националноослободително движење]]. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската [[политика]] на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет. Во самата книга, тој 10 години пред Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, ја предивидува можноста од поделба на [[Македонија]] меѓу балканските држави, предлагајќи обединување на сите македонски народности, како и интелектуални, револуционерни и ослободителни сили и движења во една и заедничка борба за ослободување на [[Македонија]] со цел да се оневозможи ваквиот процес и истовремено предлага воведување на терминот ''Македонец / [[Македонци]]'' во официјална употреба за македонското словенско население во вилаетите на Отоманската империја на подрачјето на [[Македонија]]. Согледувајќи ја тогашната политичка состојба во [[Македонија]] по [[Илинденско востание|Илинденското востание]], Крсте Мисирков во книгата се осврнува и на предложените [[Мирцштегски реформи]] како поволна политичка одлука за Македонија и Македонците и истовремено смета дека поради опасноста од поделба на Македонија заради вмешаноста на соседните балкански држави и нивните пропаганди, подобра е соработка и спроведување на реформи во рамките на Отоманската империја со што ќе се зачува целовитоста на Македонија, а ќе се намалат страдањата и убиствата над македонскиот народ, отколку да се спроведува револуционерна борба поттикната и под знаме на еден дел од населението и општеството.
 
Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Царство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се: