Черкаси: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 62:
Неговата местоположба е отприлика 200 [[километри]] јужно од главниот украински град [[Киев]]. Бројноста на населението, според последниот попис од 2011 год. е 288 илјади жители. Во месец јуни 2011, Черкаси го прославил својот јубилеен 725 роденден.
 
[[Клима]]та во градот е умерено-континентална, со благи зими и жешки лета. Просечната температура во градот на годишно ниво е 7,7 °C. Во јануарскиот период просечната температура на зовдухотвоздухот е -6 °C, додека во лето таа изнесува +20 °C. Најниската измерена температура била -25 °C (што е ретко се случува), додека пак највисоката била +35 °C, забележана во месец јули.
 
Бројот на население бил најголем во 1990 год. кога Черкаси имал речиси 300 илјади мештани. Оттогаш па наваму, тој број е во постојано опаѓање, што најмногу се должи на високата смртност кај месното население, социо-економската состојба и наглиот процес на [[урбанизација]] на местото. Денес, градот има точно 286.037 жители. Најголем дел од населението се [[Украинци]], но исто така се застапени и [[Руси|руското]] и [[Евреи|еврејско]] малцинство. Според половата припадност, 46,4% се мажи, додека останатите 53,6% се жени. Објавени се и податоци за старосната структура на населението, од кое 19% се лица-пензионери, додека само 15% се деца под 14 години. Овие бројки говорат за нерамномерната застапеност на возрасните групи.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Черкаси