Рокселана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Александра Лисовска била родена во периодот од 1500 до 1506 година. Според податоци од [[17 век]] нејзиниот татко бил украински православен свеѓтеник. Таа била родена во градот Рохатин во тогашното Полско Кралство, а денеска во Украина. Во текот на 1520-тите години таа била заробена од страна на Кримските Татари и одведена во кримскиот град Кафа, за да по некое време биде однесена во Константинопол односно во харемот на [[Сулејман I]].
 
[[Паргали Ибрахим Паша]] (1493-1536) му ја понудил Рокселана на својот пријател од детството султанот Сулејман. Таа влегла во харемот кој броел околу 300 девојки. Во историографијата таа е опишана со црвена коса, многу интелигентна и весела. За неа венецијанците кажувале дека била доста млада но не и убава.
 
== Во харемот како омилена==
 
Таа бргу по пристигањето во [[Османлиски харем|харемот]] на палaтата [[Топкапи сарај]] го привлекла вниманието на нејзиниот господар, како и завидливоста на најзините противници. Постојат многу легенди за тоа како Рокселана го привлекла вниманието. Една од нив раскажува дека во денот кога на султанот му претставиле многу поубави и поскапи од неа робинки, таа се судрила намерно со една танчерка, започнала да се смее и да пее некоја песна. Затоа евнуците чекале знак од султанот - дали да ја подготват одајата за девојката или во спротивно да биде обесена. Султанот сепак бил заинтригиран и зачуден од необично однесување уште истата вечер Рокселана добила подарок марамче:, знак дека господарот ќе ја очекува во неговата соба. Подоцна Рокселана го замолила на султанот да ја посетува библиотеката. Султанот бил шокиран но и разрешил. Кога по некое време тој се вратил од поход, Рокселана веќе владеела со неколку јазици.
 
Еден ден, омилената на султан Сулејман, [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар), ја натепала Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, султанот ја протерал Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот, [[Шехзаде Мустафа]] во градот [[Маниса]] кој обично бил управен град на престолонаследникот. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно ''хасеки''. Години подоцна, по голем број нејзини интриги во палатата, Султан Сулејман наредил да го убијат [[Шехзаде Мустафа]], плашејќи се од бунт, со ова Махидевран султан го изгубила местото во харемот и се преселила во [[Бурса]], препуштајќи и го на Хурем централното место.
Ред 38:
По доаѓањето во харемот, Рокселана како и сите харемски робинки започнале да добиваат лекции за турскиот јазик и исламот. Таа учела да пишува и многу бргу започнала со составување на љубовни писма, со шиење и плетење, пеење, танцување. Убавите робинки кои имале шанса да станат султански конкубини биле учени и на еротски вештини. Од сите нив, дваесет биле одредувани како султански собарки кои имале обврска да го облекуваат на султанот, да го бањат и да го снабдуваат со јадење. Тие од овде можеле да станат и негови миленици или икбал. Во случај да останат трудни или да родат деца од својот господар, тие биле прогласувани за конкубини.
 
На Рокселана не и било тешко да го привлече вниманието на Сулејман. Нејзината харизма го привлекувала секој во харемот, поради кое го добила името Хурем кое во превод значи ''насмеана''. Таа бргу по пристигањето во [[Османлиски харем|харемот]] во палaтата [[Топкапи сарај]] станала султанов сопатник во креветот. Бидејќи не служила само за сексуално задоволување и како мајка на можните машки наследници, таа се покажала и како добар оратор и искрен пријател. Сулејман бил воодушевен од подарокот на [[Ибрахим Паргали паша]]. Со Рокселана можел да пишува песни или да води политички дискусии. Рокселана со ова била во можност да му даде добри совети и имала разбирање за неговиот страв кој единствено на неа можел да ги кажува.
 
Сулејман со доаѓањето на Рокселана ја запоставил [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар, во превод ''пролетно цвеќе'') со која имал четири деца и само едно останало живо и тоа [[Шехзаде Мустафа]]. Современите писатели пишуваат дури дека по запознавањето Сулејман не одел повеќе во харемот. За неа венецијанците кажувале дека била доста млада но не и убава.
 
Во [[1522]] година Рокселана го родила принцот [[Шехзаде Мехмед]]. Така започнале и првите конфликти со останатите сопруги на Сулејман околу идниот престолонаследник. Претходно во времето на [[Мехмед II]] главно поради спречување на граѓанска војна издал закон според кој новиот султан можел да ги убие неговите браќа или полубраќа за ред во империјата. Во [[1523]] година Рокселана повторно родила син кој имал проблем со нозете па неможел да претендра за престолот. Во 1526 година се родило третото нивно дете [[Михримах султан]], која подоцна била омажена за [[Рустем Паша]], големиот везир од албанско или српско потекло. Во тоа време Рокселана играла се поголема улога во животот на султанот. Сулејман и покрај првенецот син Мустафа, повеќе ја сакал Рокселана. Тој го занемарил и својот пријател Ибрахим паша, кој во 1523 година го поставил за голем везир за [[Румелија]] и кој подоцна бил оженет со неговата сестра [[Хатиџе султан]]. Во 1526 година Сулејман го поставил за главен заповедник на својата војска во походот против Унгарија.