Разлика помеѓу преработките на „Рокселана“

Додадени 1.715 бајти ,  пред 7 години
Во тоа време Сулејман се разболел од костобол, а за неговата нега се грижела единствено Роскелана. Во 1543 година починал Шехзаде Мехмед, најстариот син на брачниот пар, кој во меѓувреме станал доволно популарен кај народот и во војската за да го наследи тронот. Тој починал на 21 година, а зад себе ја оставил својата двегодишна ќерка. По смртта на Мехмед, кај Рокселана избувнал стариот страв дека Мустафа може да ги погуби нејзините синови доколку еден ден според традицијата стане султан.
Со сопругот на нејзината прва ќерка Михримах, Рустем Паша, кој во 1544 година бил голем везир започнала да ја задуши потенцијалната опасност за нејзините синови. Колку од ова е точно денеска не е познато, но се знае дека во 1553 година Мустафа бил убиен поради организирање на бунт против султанот. Заедно со Мустафа бил убиен и неговиот 11-годишен син.
 
Убиството на Ибрахим Паша и Мустафа според многумина се сметало дека се дело на Рокселана, и покрај тоа што нема никакви докази. Во 1553 година починал Џихангир кој не можел да го преболи убиството на својот полубрат. Така на Рокселана и останале уште Михримах, 22 годишниот пијаница Селим и 21 годишниот амбициозен Бајазит кој според својот карактер личел на својот татко. Во последните години од својот живот Рокселана постојано се обидувала да го смири ривалството меѓу нејзините два сина.
Бидејќи починала во 1558 година, таа не доживеала да го види конфликтот меѓу Бајазит и нејзиниот сопруг Сулејман против кој бил организиран бунт. Побуната не успеала и Бајазит заедно со своите четири синови биле погубени. Единствено дете кое никогаш не го разочарал на султанот била неговата ќерка Михримах.
По смртта на Сулејман во животот на Сулејман не се нашла друга жена. Тој наредил да биде погребен до неа, во Сулејмановата џамија во Истанбул.