Разлика помеѓу преработките на „Рокселана“

Додадени 50 бајти ,  пред 7 години
Сулејман со доаѓањето на Рокселана ја запоставил [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар, во превод ''пролетно цвеќе'') со која имал четири деца и само едно останало живо и тоа [[Шехзаде Мустафа]].
 
Во [[1522]] година Рокселана го родила принцот [[Шехзаде Мехмед]]. Така започнале и првите конфликти со останатите сопруги на Сулејман околу идниот престолонаследник. Претходно во времето на [[Мехмед II]] главно поради спречување на граѓанска војна издал закон според кој новиот султан можел да ги убие неговите браќа или полубраќа за ред во империјата. Во [[1523]] година Рокселана повторно родила син кој имал проблем со нозете па неможел да претендра за престолот. Во 1526 година се родило третото нивно дете [[Михримах султан]], која подоцна била омажена за [[Рустем Паша]], големиот везир од албанско или српско потекло. Во тоа време Рокселана играла се поголема улога во животот на султанот. Сулејман и покрај првенецот син Мустафа, повеќе ја сакал Рокселана. Тој го занемарил и својот пријател Ибрахим паша, кој во 1523 година го поставил за голем везир за [[Румелија]] и кој подоцна бил оженет со неговата сестра [[Хатиџе султан]]. Во 1526 година Сулејман го поставил за главен заповедник на својата војска во походот против Унгарија.
 
Еден ден, омилената на султан Сулејман, [[Махидевран султан]] според венецијанскиот амбасадор ја натепала Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, султанот ја протерал Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот [[Шехзаде Мустафа]] во градот [[Маниса]] кој обично бил управен град на престолонаследникот. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно ''хасеки''. Според обичаите во Маниса морале да одат и мајките на принцовите, па ова се случило и со Махидевран.
 
Од тој момент Рокселана станала една од најсилните жени во харемот. Таа настојувала да ги исполни сите желби на Сулејман. Тој бил спремен да се ожени со неа и да ја прогласи за султанија, нешто што никогаш претходно не се било случило од настанувањето на империјата. Така свадбата се случила во 1530 година. Според англичанинот Сер Џорџ Јанг:
 
 
{{quote|Оваа недела во градот се случи еден сосема извонреден настан кој досега не се случил во животот на султаните. Големиот господар Сулејман на една робинка од Русија, некоја Рокселана ја направил царица и имаше голема слава. Церемонијата се одржи во дворецот и веселбата ги надмина сите досегашни од истиот ранг. Големите улици беа осветлени и имаше многу музика, а гоздбата беше за сите луѓе. Куќите беа украсени со цвеќиња а насекаде беа поставени лулки каде луѓето седеа и уживаа на своето големо задоволство. Во стариот хиподром беше подигната голема трибина чии места за царицата и нејзините дами беа заградени со златна ограда. Овде царицата и нејзините дами присуствуваа на еден раскошен турнир на кој учествуваа христијански и муслимански јавачи, а имаше и големи акробации и маѓионичари и една претстава на диви ѕверови и жирафа чиј врат скоро го достигнуваше само небото... Луѓето многу зборуваат за свадбата и никој не може да каже што всушност претставува таа }}
 
Венецијанскиот амбасадор во Коинстантинопол запишал:
 
{{quote|Тој (Сулејман) толку многу ја обожава и толку многу е одан што сите негови оданици се чудат и зборуваат како таа него го маѓепсала. Тие ја нарекуваат зијади или вештерка. Поради ова таа и нејзините деца се многу омразени во дворот и во војската, но никој не смее ништо да каже против нив бидејќи тој ја сака. Јас лично сум слушнал само лошо за неа и нејзините деца, додека за првородениот (Мустафа) и неговата мајка (Махидевран) се зборува само добро}}
Рокселана не успеала да ја придобие љубовта на народот и покрај тоа што изградила пет џамии, една медреса, една јавна кујна за сиромашни и една болница.
 
Во 1531 година се родил Селим кој најмногу личел на својата мајка, а по една година и убавиот Бајазит.