Разлика помеѓу преработките на „Рокселана“

Додадени 3.338 бајти ,  пред 7 години
 
На Рокселана не и било тешко да го привлече вниманието на Сулејман. Нејзината харизма го привлекувала секој во харемот, поради кое го добила името Хурем кое во превод значи ''насмеана''. Таа бргу по пристигањето во [[Османлиски харем|харемот]] во палaтата [[Топкапи сарај]] станала султанов сопатник во креветот. Бидејќи не служила само за сексуално задоволување и како мајка на можните машки наследници, таа се покажала и како добар оратор и искрен пријател. Сулејман бил воодушевен од подарокот на Ибрахим Паргали паша. Со Рокселана можел да пишува песни или да води политички дискусии. Рокселана со ова била во можност да му даде добри совети и имала разбирање за неговиот страв кој единствено на неа можел да ги кажува.
 
Сулејман со доаѓањето на Рокселана ја запоставил [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар, во превод ''пролетно цвеќе'') со која имал четири деца и само едно останало живо и тоа [[Шехзаде Мустафа]].
 
Во 1522 година Рокселана го родила принцот Мехмед. Така започнале и првите конфликти со останатите сопруги на Сулејман околу идниот престолонаследник. Претходно во времето на Мехмед II главно поради спречување на граѓанска војна издал закон според кој новиот султан можел да ги убие неговите браќа или полубраќа за ред во империјата. Во 1523 година Рокселана повторно родила син кој имал проблем со нозете па неможел да претендра за престолот. Во 1526 година се родило третото нивно дете Михримах султан, која подоцна била омажена за Рустем Паша, големиот везир од албанско или српско потекло. Во тоа време Рокселана играла се поголема улога во животот на султанот. Сулејман и покрај првенецот син Мустафа, повеќе ја сакал Рокселана. Тој го занемарил и својот пријател Ибрахим паша, кој во 1523 година го поставил за голем везир за Румелија и кој подоцна бил оженет со неговата сестра Хатиџе султан. Во 1526 година Сулејман го поставил за главен заповедник на својата војска во походот против Унгарија.
Еден ден, омилената на султан Сулејман, [[Махидевран султан]] според венецијанскиот амбасадор ја натепала Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, султанот ја протерал Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот [[Шехзаде Мустафа]] во градот [[Маниса]] кој обично бил управен град на престолонаследникот. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно ''хасеки''. Според обичаите во Маниса морале да одат и мајките на принцовите, па ова се случило и со Махидевран.
 
Од тој момент Рокселана станала една од најсилните жени во харемот. Таа настојувала да ги исполни сите желби на Сулејман. Тој бил спремен да се ожени со неа и да ја прогласи за султанија, нешто што никогаш претходно не се било случило од настанувањето на империјата. Така свадбата се случила во 1530 година. Според англичанинот Сер Џорџ Јанг: