Разлика помеѓу преработките на „Рокселана“

Додадени 426 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
 
Александра Лисовска била родена во периодот од 1500 до 1506 година. Според податоци од [[17 век]] нејзиниот татко бил украински православен свеѓтеник. Таа била родена во градот Рохатин во тогашното Полско Кралство, а денеска во Украина. Во текот на 1520-тите години таа била заробена од страна на Кримските Татари и одведена во кримскиот град Кафа, за да по некое време биде однесена во Константинопол односно во харемот на [[Сулејман I]].
 
[[Паргали Ибрахим Паша]] (1493-1536) му ја понудил Рокселана на својот пријател од детството султанот Сулејман. Таа влегла во харемот кој броел околу 300 девојки. Во историографијата таа е опишана со црвена коса, многу интелигентна и весела.
 
 
== Во харемот ==
 
Таа бргу по пристигањето во [[ИмперијаленОсманлиски харем|харемот]] на палaтата [[Топкапи сарај]] го привлекла вниманието на нејзиниот господар, како и завидливоста на најзините противници. Еден ден, омилената на султан Сулејман, [[Махидевран султан]] (уште позната како Ѓулбахар), ја натепала Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, султанот ја протерал Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот, [[Шехзаде Мустафа]] во градот [[Маниса]] кој обично бил управен град на престолонаследникот. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно ''хасеки''. Години подоцна, по голем број нејзини интриги во палатата, Султан Сулејман наредил да го убијат [[Шехзаде Мустафа]], плашејќи се од бунт, со ова Махидевран султан го изгубила местото во харемот и се преселила во [[Бурса]], препуштајќи и го на Хурем централното место.
 
[[File:Anton Hickel 001.JPG|thumb|left|Хурем Султана и Султан Сулејман. Легендарната љубов меѓу двајцата инспирирала голем број Елропски уметници да создаваат дела, како оваа слика на Германецот [[Антон Хикел]] (1780)]]