Разлика помеѓу преработките на „Рокселана“

Додадени 803 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
 
'''Хасеки Хурем Султана''' ({{lang-ota|خرم سلطان}}, родена во [[1506]] - починала на {{починал на|17|април|1558}} во [[Топкапи Сарај]], {{починал во|Отомански Константинопол}}), позната како '''Александра Лисовска''' или '''Рокселана''', била сопруга на османлискиот султан [[Сулејман I]] и мајка на османлискиот султан [[Селим II]]<ref>[http://web.archive.org/web/20060615093437/www.4dw.net/royalark/Turkey/turkey4.htm The Imperial House of Osman] GENEALOGY</ref> .
 
== Рани години ==
 
Александра Лисовска била родена во периодот од 1500 до 1506 година. Според податоци од 17 век нејзиниот татко бил украински православен свеѓтеник. Таа била родена во градот Рохатин во тогашното Полско Кралство, а денеска во Украина. Во текот на 1520-тите години таа била заробена од страна на Кримските Татари и одведена во кримскиот град Кафа, за да по некое време биде однесена во Константинопол односно во харемот на Сулејман I.
 
Таа брзо по пристигањето во харемот на палaтата [[Топкапи]], го привлекува вниманието на нејзиниот господар, како и завидливоста на најзините противници. Еден ден, омилената на Султан Сулејман, [[Махидевран Султана]] (уште позната како Ѓулбахар), ја тепа Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, Султанот ја протерува Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот, [[Принцот Мустафа]] во градот [[Маниса]]. По ова, Рокселана, или Хурем Султана, станува омилена на Султанот, односно ''хасеки''. Години подоцна, по голем број нејзини интриги во палатата, Султан Сулејман наредува го убијат Принцот Мустафа, плашејќи се од бунт, со ова Махидевран Султана го губи местото во харемот и се преселува во [[Бурса]], препуштајќи и го на Хурем централното место.