Историја на Јапонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
DragonBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава gu:જાપાનનો ઇતિહાસ
Ред 256:
===Окупацијата на Јапонија===
[[File:macarthur hirohito.jpg|thumb|200px|Генералот Даглас Макартур и императорот [[Хирохито]]]]
Јапонија никогаш не билa окупиранa од странска сила и доаѓањето на Американците одлучни да ја трансформираат Јапонија во мирна демократија имаше големо долгорочно влијание. Со [[Јапонија]] цврсто управуваше американскиот генерал Даглас Мекартур. Главната цел на Американците беше [[Јапонија]] да стане мирољубива нација и да се воспостави демократска самоуправа. Окупацијата ја трансформираше јапонската влада во мотор за производство, распределба на богатството и социјални реформи. Политичките реформи вклучуваа слободно избрање на пратеници во јапонскиот парламент (законодавно тело) и универзално право на глас за сите возрасни. Окупацијата ја нагласи земјишната реформа, така што земјоделците-закупци станаа сопственици на нивните оризови полиња, и го стимулираше формирањето на моќни синдикати кои им дадоа збор на работниците во индустриската демократија. Големиот заибацу бизнис конгломерати (заибацу: јапонски термин кој се однесува на индустриски и бизнис конгломерати во Јапонската империја) беа растурени, беше охрабрено равиањето на потрошувачка култура, образование беше радикално реформирано и демократизирано, и се стави крај на шинтоистичката основа на обожување на императорот. Историчарот Џон Дауер (John Dower) вели дека "видливата рака" на државниот врв инспириран од Њу дил, со чувувањето на капиталистичката економија, беше пречекана од страна на бомбардираното и понижено јапонското општество, кое сакаше да најде мирен пат до просперит.
 
Реформите се спроведуваа од страна на јапонски официјални лица под индиректна американска контрола, така што немаше јапонски институции кои беа директно контролирани од страна на Американците. Додека на императорот [[Хирохито]] му беше дозволено да го задржи неговиот престол како симбол на национално единство, вистинската моќ беше во рацете на комплексни испреплетени мрежи на елитата.
 
Јапонската империја беше укината. [[Јапонија]] беше лишена од нејзините странски територии и ги задржа само домашните острови и [[Окинава]]. Манџукуо престана да постои, а [[Манџурија]] и [[Тајван|Формоза]] беа вратени на [[Кина]]. [[Кореја]] беше окупирана и поделена меѓу [[САД]] и [[Советскиот Сојуз]]. [[САД]] стана единствен администрирање орган на Рјукју, Бонин и Вулканските Острови, додека [[СССР]] управуваше со јужен Сахалин и Курилските Острови. [[Јапонија]] жестоко се противеше на Советската контрола на Курилските Острови, а дипломатските тензии околу ова прашање продолжија и во 21. век. Укинувањето на империјата значеше дека јапонските доселеници и официјални лица мора да си заминат. Преку центрите за јапонска репатријација над 7 милиони иселениците се вратија во [[Јапонија]].
 
По одржувањетона Меѓународниот воен трибунал за Далечниот Исток (Токиски суд), меѓународен трибунал за воени злосторства, седум политичари беа егзекутирани. Императорот [[Хирохито]] не беше осуден, но наместо тоа само официјално остана император.
 
Шигеру Јошида (1878 - 1967 год.) одигра централна улога како премиер меѓу 1946 год. и 1954 год. (со еден прекин). Неговата цел беше брза обнова на Јапонија и соработка со Американската окупација. Тој ја предводеше [[Јапонија]] да ја прифати „Доктрината Јошида“, базирана на три принципи: економски раст како примарна национална цел, никаво инволвирање во меѓународните политичко-стратешки прашања и обезбедување на воени бази на [[САД]]. Доктрината Јошида се покажа како неизмерно успешна.
 
Историографијата пред 1980 год. беше славеничка, и се фокусираше на успехот на Американската окупација во трансформирањето на [[Јапониј]]а во однос на демократијата и слободата. Од 1980 год. историчарите почесто ги нагласуваат ограничувањата на реформите на Окупацијата и тврдат дека тие се делумно одраз на јапонските иновации во предвоениот и воениот период.
 
Дауер ги објаснува факторите кои го промовираа успехот на Американската окупација:
:„Дисциплина, морален легитимитет, добро дефинирани и добро артикулирани цели, јасен ланец на команда, толеранција и флексибилност во формулацијата и имплементацијата на политиките, доверба во способноста на државата да дејствува конструктивно, способност за работа во странство без пристрасната политика дома, и постоењето на стабилно, издржливо, софистицирано граѓанското општество за кое се наменети политиките на Окупацијата - овие политички и граѓански доблести помогнаа да се овозможи да се движи одлучно во текот на краток период од неколку години, кога поразената Јапонија беше во состојба на несигурност и повеќето приемчива на радикална промена “.
 
===По окупацијата за време на Студената војна===