Спахија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 00:25, 4 февруари 2013

Спахијата бил војник во коњицата кој се борел за османлиската војска во замена за имот што му носел приход (тимар или зеамет). Спахиите биле синови на припадниците на војската но султанот можел да им дава тимари и на други луѓе кои се истакнале во службата. Спахиите служеле во единиците во внатрешноста со кои раководеле домашните заповедници, обично од април до октомври, а потоа се враќале на своите тимари за да ги соберат приходите што им биле наменети.