Разлика помеѓу преработките на „Август Фердинанд Мебиус“

с
нема опис на уредувањето
с (r2.7.2+) (Робот: Додава gl:August Ferdinand Möbius)
с
'''Август Фердинанд Мебиус''' ([[герм.]] ''August Ferdinand Möbius'', {{роден на|17|ноември|1790}} – {{починал на|26|септември|1868}}) е [[Германија|германски]] [[математичар]] и [[астрономија|астрономски]] теоретичар.
 
Најпознат е по октривањето на [[Мебиусова лента|Мебиусовата лента]] - [[ориентабилност|неориентабилна]] дводимензионална површина која има само една страна кога е вметната во тридимензионален [[Евклидов простор]]. Оваа лента независно ја открил и [[Јохан Бенедикт Листинг]], и тоа во истиот период. Го открил и Мебиусовиот распоред (конфигурација), составен од два заемно впишани [[тетраедар|тетраедри]]. Мебиус бил првиот математичар што вовел [[хомогени координати]] во [[проективна геометрија|проективната геометрија]].
 
Заслужен е за многу математички идеи, вклучувајќи ги [[Мебиусова трансформација|Мебиусовите трансформации]] кои играат важна улога во проективната геометрија, и Мебиусовата трансформација на теоријата на броевите. Работејќи со [[теорија на броевите|теоријата на броевите]], ги осмислил важните математички идеи [[Мебиусова функција]] μ(''n'') и [[Мебиусова инверзија|Мебиусовата инверзија]]. Во областа на Евклидовата геометрија, Мебиус систематски изработил начин на означување на аглите и отсечките како метод на упростување на резултатите и нивно сведување на еден облик.<ref>Howard Eves, A Survey of Geometry (1963), стр. 64 (прераб. издание 1972, Allyn & Bacon, ISBN 0-205-03226-5)</ref>