Ицик Фефер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Shaul (разговор | придонеси)
с Interwiki + pl
Shaul (разговор | придонеси)
с +Слика
Ред 1:
[[Слика:ItzikFeffer.jpg | right | thumb | 130px | Ицик Фефер]]
[[Слика:Feffer.jpg|мини|десно|250п|Ицик Фефер (лево) и Соломон Микелс (десно) во друштво на [[Алберт Ајнштајн]].]]
 
'''Ицик Фефер''' ([[1900]] — [[12 август]] [[1952]]), ([[Еврејски јазик|еврејски]]: איציק פֿעפֿער, [[руски јазик|руски]]: Ицик Фефер, Исаàк Соломòнович Фèфер) е [[СССР|советски]] [[евреи|еврејски]] поет и жртва на [[Сталин]]истичките чистки.
Ред 7:
Тој е многу плоден писател и речиси исклучиво пишува на [[еврејски]], а неговите песни паралелно се препеваат на руски и украински. Се смета за еден од најголемите советски еврејски писатели, а неговите песни особено се ценат надвор од границите на [[Советскиот Сојуз]]. Една од нив е и неговото ремек-дело, епската поема ''Di Shotns fun Varshever Geto'' ("Сенките на Варшавското гето"). Напишана е во чест на 750 Евреи кои се побунуваат против нацистичката окупација и ликвидацијата на гетото, поради што и херојски ги даваат своите животи.
 
Во текот на [[Втората светска војна]] тој е воен [[известувач]] со чин на [[полковник]] и заменик претседавач со ''Еврејскиот Антифашистички Комитет'' (ЕАК). [[Слика:Feffer.jpg|мини|лево|220п|Ицик Фефер (лево) и Соломон Микелс (десно) во друштво на [[Алберт Ајнштајн]].]]
Во 1948 година, по ликвидацијата на секретарот на ЕАК [[Соломон Микелс]], Фефер, заедно со низа други членови на комитетот, е уапсен и обвинет за предавство. Фефер е доставувач на информации за [[НКВД]] (претходникот на [[КГБ]]) уште од 1943 година. Според гласини, Фефер соработувал со полицијата, давајќи лажни информации што на крај ќе доведат до апсење на стотина невини лица, но сепак, на судењето, тој јасно ја искажува сопствената гордост поради [[Евреи|еврејскиот идентитет]]. Во 1952 година, Фефер, заедно со уште неколку обвинети, е осуден на тајно судење и е егзекутиран на ''[[Ноќта на убиените поети]]'', на [[12 август]] [[1952]] година.