Јаничар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 49:
Во времето на [[Бајазит I]] започнало да се собира можеби најтешкиот данок, [[данок во крв]] или [[девширме]]. Овој данок се карактеризирал со периодичното собирање на машки деца од потчинените [[христијанство|христијански]] градови и села, главно од [[Румелија]]. Децата биле на возраст од 5 до 10 години. Тие се испраќале во [[Анадолија]], во [[ислам|муслимански]] семејства, каде доколку се покажат се испраќале во касарните во [[Цариград]], [[Бурса]] или [[Едрене]].
 
Првите податоци за зимање на христијански деца биле од времето на султан [[Мурад I]]. Во житието на свети Филотеј се зборува за собирање на деца во [[1380]] година, како за веќе воспоставен обичај - на секои 2, 3 или 10 деца се одвлекува по 1 дете. Друга информација за овој данок некои го поврзуваат со известувањето на солунскиот митрополит Исидор Клабас од 1395 година за грабеж на момчиња по наредба на [[Бајаит I]]. Податоците, сепак покажуваат повеќе поединечни акции за собирање на младите отколку редовен данок. Во 1458 година француски извори соопштуваат дека на секоја пета година султанот собира млади до 20-годишна возраст.
 
По киднапирањето на децата, тие се испраќале во турски семејства каде се обучувале на послушност и турски јазик. Откако ќе пораснале тие се враќале во Константинопол, каде што се вршел нов избор. Оние кои се одликувале со својата убавина и интелигенција, се испраќале во дворската гарда. Другите биле продавани како робови.
 
Вкупниот број на јаничарите варирал во зависност од потребите, од 100 000 до 200 000 војници. Самиот јаничарски корпус бил организиран по [[орти]]. [[Сулејман Величенствениот]] имал околу 140 орти, но покасно тој број се зголемил и преку 190 орти. Султанот бил главен заповедник на јаничарите, но самиот корпус бил организиран и воден од страна на [[ага]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јаничар