Разлика помеѓу преработките на „Пашалак“

Додадени 1.113 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
'''Ејалетот''' ([[турски]]: ''eyalet'', ''beylerbeylık'' или ''paşalık'') претставувал најголемата административно-територијална единица во [[Османлиската империја]]. На чело на ејалетот стоел бејлербег или паша кој бил директно потчинет на Високата порта. Ејалетот од своја страна се делел на [[санџак|санџаци]].
 
Првобитната организација имаla свои корени уште во времето на настанувањето на Османлиската империја, како вазална држава на [[Селџуци]]те во централана [[Анадолија]].
Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на селџучкиот систем, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата [[бег]]. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под [[сузерен]]ство на Отоманските султани. Титула бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.
 
По освојувањата помеѓу 1362 и 1400 на [[Мурат I]] и неговиот син ми [[Бајазит I]], во империјата се појавила потребада од територијална организација. Во текот на првите години од владеењето на Бајазит биле создадени првите два ејалети, и тоа Румелиски ејалет кој се состоел од сите земји кои се наоѓале во Европа и Анадолски ејалет кој ги опфаќал териториите во Мала Азија.