Македонска преродба: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Целосно избришана страница
Tegel (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 89.252.229.173 (разговор), вратено на последната верзија на MerlIwBot
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{НГТ}}
{{без извори}}
{{внимание}}
{{Историја на македонскиот народ}}
== Геополитичка ситуација на Македонија ==
 
Македонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од [[Централна Европа]] кон [[Блискиот Исток]] всушност претставуваше не само сообраќаен јазел, туку и стратешки. Долината на [[Вардар]] ја немаше само таа предност што од север преку [[Моравска долина|Моравската долина]] водеше до големиот [[Солунски залив]] од каде преку [[Егејско море|Егејското море]] се завлегуваше на исток кон долината на [[Струма]] и на запад преку [[Албанија]] на [[Јадранско Море]].
Од тука за [[Македонија]] не се бореа само младите балкански државички кои сакаа со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите - [[Австрија]], [[Русија]], [[Англија]] и [[Турција]] - сакаа да имаат клучна ролја на [[Балкански полуостров|Балканот]].
 
Безбројните извори (книги, статии, студии, дипломатска преписка..) јасно сведочат колку не само балканските, туку и европските влади и посветувале внимание на [[Македонија]]. Во [[историја|европската историја]] тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден [[народ]], каков што беше случајот со Македонците.
 
Оваа преокупација околу [[нација|националниот]] карактер на Македонците произлегуваше од определени политичко-стратешки интереси, не само на балканските националистички кругови, туку и на големите европски сили, во прв ред на [[Австрија]] и на [[Русија]], кои во трката за завладување на [[Балкан|Балканот]], настојуваа да ја вклучат и [[Македонија]] во својата [[интересна сфера]], поради нејзината извонредна географско-стратешка положба.
 
== Принцип на народноста и самоопределувањето на Македонците ==
 
Бидејќи [[Македонци]]те главно претставуваа импозантно мнозинство од населението, од што и можело да зависи кому ќе му припадне [[Македонија]], тоа, заинтересираните страни ги ангажираа сите свои сили, вклучувајќи ја тука и науката за да ги прикажат било како [[Бугари]], [[Грци]] или [[Срби]], за да го имаат на своја страна при решавањето на [[македонско прашање|македонското прашање]] според ''[[принцип на народноста|принципот на народноста]]''.
 
Бугарските, грчките, српските, романските и мнозина европски писатели даваа контроверзни сведенија за [[Македонија]] и нејзиното население. Поради тоа, подоцна и многумина се прашуваа (таков е случајот со [[Рене Пинон]] и [[Едмонд Буше]]), дали е воопшто можно, во овој галиматијас на докази, да се дојде до една вистина за [[Македонија]] и Македонците и самиот термин [[Македонија]] стана во [[Западна Европа]] синоним на кулинарски вештини, на карташки игри, па дури и еден вид литерарен правец во [[Франција]] беше наречен со тоа име.
 
:''Контроверзните “докази" за [[Македонија]], со што беше преокупирана европската јавност, им дадоа поттик на некои духовити француски умови да го искористат терминот “Масedoinе" во сосема практични цели. Со ова име тие не ја нарекоа само салатата составена од разновиден зеленчук или компот составен од разновидно зашеќерено овошје, туку и една игра со мешани карти. Дури, со ова име го нарекоа и еден вид литературни приредби што се одвиваа во цитирање на поезија и проза.''
::Lа rоuѕѕе Du XX siиcle, Pаriѕ, 1930, IV. 573
 
== Балканските пропаганди во Македонија ==
 
Дискусиите околу националноста на Македонските Словени, во европскиот свет започнаа со прашањето: ''Дали се ова [[Грци]] или [[Бугари]], а не дали тие претставуваат нешто трето и посебно?'' Тезата која малку подоцна се оформи од српските националисти дека [[Македонци]]те се [[Срби]], уште не се поставуваше, бидејќи самата српска влада, си до смртта на [[кнез Михајло|кнезот Михајло]] 1868 година пред себе имаше други цели и разбирања.
 
Меѓутоа и ваквото поставување на прашањето произлегуваше не од фактот дека тие навистина се [[Грци]] или [[Бугари]], туку од замрсеноста на проблематиката што произлегуваше од една страна, од етничкиот состав на населението, а од друга, од [[турција|турскиот]] начин на поделба на населението не врз етничкиот принцип, туку врз црковната припадност. Бидејќи Македонците беа под [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]] и како такви припадници на “грчката" вера, а по својот етнос [[Словени]], тоа грчките и бугарските националисти сакаа да ги искористат секој за своите интереси. На едните им пречеше словенскиот етнос, на другите црквената припадност.
 
Грчките националисти кои сонуваа за [[Велика Елада]], во ова време почнаа да тврдат пред [[Европа]] дека [[Македонци]]те се пословенчени [[Грци]], па според тоа и припаѓаат на грчката народност и држава. Бугарските пак лидери, поттикнувани од руските словенофили{{факт}} и од фактот дека Македонцските интелектуалци се декларираа како Бугари{{факт}}, тврдеа обратно, дека тие како [[Словени]] не можат да бидат [[Грци]], туку се [[Бугари]]. Меѓутоа, додека едните “докажуваа" дека македонските [[Словени]] се [[Грци]]{{факт}}, а другите дека се Бугари, од самата македонска средина почнаа да се појавуваат луѓе кои на прашањето што се: [[Бугари]] или [[Грци]] ''одговараа дека тие не се ни [[Грци]] ни [[Бугари]], туку [[Македонци]], потомци на [[Античка Македонија|старите Македонци]] претставувајќи ги последните за [[Словени]].''
 
''Види уште [[Бугаризација]]''
 
== Македонскиот идентитет во 19 век ==
 
MAKEDONSKI PRERODBENICI OD IX VEK
По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти, кои воедно имале и образовен карактер, потпаѓаат под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи-хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејки ги Македонците дела се Елини. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па се до крајот на 19 век, постоела само по црквите и манастирите.
 
Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот словен, со бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот" стр. 39). Tерминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Срби, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот бугар го заменил зборот словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936).
 
Карта на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Паристрионци.
Теофилакт Охридски, грк, најверојатно родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари; Византија, своите поданици ги делела по географска-тематска, а не по етничка основа, па сите жители на една тема без разлика на етносот носеле исто име. Теофилакт и самиот себе си се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутия III, папка IV.)
Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски . За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутия III, папка IV.).
Најголемата бугарска лага во историјата
Инаку, ниеден средновековен Македонец, Србин или пак тракоант(словен) не го нарекол јазикот словенски- бугарски или пак словените- бугари. Но, мораме да ја разбереме позицијата на Византија и тогашните прилики на именување на луѓето, по географска, а не етничка основа. Грците на пример, се нарекувале Ромеи (Римјани), а нивниот јазик ромејски (римски) во целиот среден век, се до крајот на 19 век, како оставштина од Византија; грците биле дел од источното римско царство- Романија, па по тогашниот византиски обичај луѓето да се декларираат по географската припадност, тие биле Ромеи-Византијци. Инаку, многу познато е дека грците не се римјани, ниту пак имаат некаква лингвистичка или крвна врска со римјаните.
Инаку, ова византиско именување на луѓето по географската припадност, бугарите денска го користат како најголем "доказ" дека Македонците се бугари, што е најголемата бугарска лага.
 
"Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а климент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). Од тука гледаме, дека сите словенски народи на Балканот, грците ги нарекувале бугари во средниот век, бидејки и србите, хрватите, црногорците, босанците т.е. сите кои ги населуваат Илирик, Далмација и Панонија за грците биле бугари.
Дека навистина поимот "бугар" означувал словен, но, не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на Димитриј Хоматијан, охридскиот архиепископ, ракоположен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале "по род Македонци". Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315. Во 1891 г., католичкиот Cardinal J. Pitra објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Demetrius Homatian (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци „To de genos Elkon ek Makedonon“ (D. Angelov, Prinot KJM Narodostite i Pozemleni Otnoshenja vo Makedonija pp. 11-12 et. seq.; 43). Ангелов, како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид припаѓал на Епирското Царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци, но во Епир, како што покажуваат историските извори во 13 век живееле Македонци и така се наречени . Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самолиловото Царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија; територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири.
Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се’ градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк“, а граѓанската носија за него беше „грчка носија...Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари“, мислеше „ние сме христијани“, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар“ не по народност, ами по православно христијанство.....“ (А. Т. Балан, Една македонска теория, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818).
 
Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот бугар - воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.).
 
Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). Др. Јован Цвијиќ, познат српски етногеограф и академик, српската влада го има пратено во Македонија во 1905 г. и за големосрпски владини интереси има напишано дека Македонците се аморфна маса, без национална свест и книжевен јазик, кои имале симпатии и кон Србите и кон Бугарите, па лесно можеле да се претопат или во Срби или во Бугари. Но, истиот тој Цвијиќ, подоцна сведочи дека кога бил во Македонија, Македонците имале развиено македонска национална свест па самиот се демантира и вели: "малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци" (Svetozar Pribicevic: „ Diktatura kralja Aleksandra”, 5. poglavlje, str.128).
 
И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милинги и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN 0-333-75185-X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).
Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин:
“Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава.
 
Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училишта и кога се словенско’ било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски.
Македонските преродбеници биле во немилост од страна на егзархиските (бугарската црква) службеници во Македонија, кои имале за цел бугаризација на Македонците. Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавува статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење, критикувајки ги Македонците кои себеси се сметале за потомци на античките Македонци, додека други пак за чисти словени, но не и бугари; приврзаниците на обете македонски партии ги нарекува "македонисти". Славејков пишува: "...Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци...Сме слушнале и друг доказ. Некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам ти што". Понатаму и самиот Славејков го опишува "она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени", каде авторот на гореспомнатата статија јасно укажува дека за голем дел од Македонците, поимот бугар означувал словен, не етноним, а тие се сметале за наследници на античките Македонци, кои пак биле чисти бугари т.е. чисти словени. Ова македонистичко движње во Македонија било масовно, за што Славеков вели "идеја што многумина сакаат да ја спроведат во живот", а притоа заклучува дека на целиов овој процес во Македонија гледа "како знак на освестеност (македонска)" на Македонците, додека бугарскиот народ се уште не бил создаден или како што Салвејков вели "неустроениот наш народ". На крајот, Славејков заклучува дека Македонците (за него претставувале долни Бугари, а вистинските Бугари биле горни Бугари) не се сметале за Бугари и не биле освестени како такви во 1871 г., па вели: "Во однос на стравот (на Македонците) од бројноста на горните Бугари и од нивното порано пробудување, тоа не прилега ни да се спомнува, како што не треба да се гледа така ни на децата на еден татко. Само затоа што некои браќа (Бугарите) се освестиле час понапред, од тоа не следува дека тие треба да бидат погорни". Меѓутоа, треба да се потцрта дека целава македонска преродба, Бугарите вешто ја криеле како од својата, така и од светската јавност, но, работава излегла во јавност "благодарение на непретпазливоста на еден од нашите собраќа". Извор: (Статия на Петко Рачов Славейков във вестник “Македония”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по Събрани съчинения, т. 7. Публицистика, С: Български писател, 1981 г., стр. 21 – 24).
 
И господин Генадиј, Митрополит Велешки (роден во село Подкожене, Поградец) ни кажува дека во 19 век, во Македонија поимот Бугар означувал чист Словен, дека сите словенски народи се Бугари, па тој запишува: "од Бохемија и Моравија сите тие се Словени, чисти Бугари, наши браќа". Покрај тоа што за г. Генадиј денешните Чеси и Словаци се Бугари, тој своето потекло го влече од античките Македонци, па за него Аристотел е "првиот учител во Грција, учител над учителите, чист Бугарин (Словен)" (Извор: Симеон Радев, "РАННИ СПОМЕНИ", наслов: "ПОСРЕЩАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА БЪЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ", Ново, коригирано и допълнено издание под редакцията на Траян Радев, Изд. къща Стрелец, София, 1994).
 
Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор Пърличев, Автобиография). За него и Србите се Бугари т.е. Словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. Никола Попфилипов, македонски учител вели дека бугарскиот јазик е општ балкански јазик (вестник "Maкедонiя" Цариград, 6. Април, 1868 г.).
Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, јасно кажува дека за него поимот Бугари значи Словени, па во неговата "Солунска Легенда" објавена 1859 г. во "Гласник друштва српске словености" вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени), (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).
Варијанти на преписи на "Солунската Легенда" објавуваат и бугарски автори од 19 век, каде пак се гледа дека во Македонија, поимот бугар, означуал само словен, па во истата се вели дека Св. Кирил и неговиот брат Страхота (св. Методиј) ја создале словенската азбука за просвета на "бугарите" (словените) од Моравија и дека кнезот на Велика Моравија бил "бугарски" кнез (Й. Иванов, "Български старини из Македония", БАН, 1970 г. ).
Старословенскиот т.е. црковнословенскиот од целата светска историографија се нарекува словенски јазик, а воедно и сите средновековни македонски автори, македонските средновековни житија, целата средновековна книжнина тој јазик исклучиво го нарекуваат словенски и како таков се нарекува до ден денешен. Но, учејќи по грчки училишта, каде називот словенско е заменет со бугарско, Кузман Шапкарев во своите дела истакнува: „ги преведоа (Св. Кирил и Меродиј) на бугарски најнужните книги од светото Писмо...кога двајцата свети браќа отидоа во Рим да се залагаат во светото седиште за бугарскиот превод на светото Писмо...Св. Климент едни ги учел да читаат и пишуваат бугарски...Св. Климент ја измислил црковно-бугарската азбука тнр. кирилица...Св. Климент е прв бугарски епископ во Охрид (Извор: Кузман Шапкарев, „Голема бугарска читанка“, 1868 г., стр. 96, 97). За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија и дека Македонците се исто со силните “браќа”, Русите. Шапкарев целосно ги извртува термините Словени и Бугари, па вели дека Словените живееле во Македонија од Апостолски времиња (1 век н.е.), додека Бугарите дошле во 7 век, се измешале со Словените и така настанал нов етнос. По Шапкарев, Светите Кирил и Методиј биле Бугари, а Словените биле античките Македонци.
 
За разлика од Бугарите, каде поимот Бугар почнал да означувало националност кон крајот на 19 век, кај македонците поимот Бугар означува Словен. Еден Бугарин, во весникот „Македонија“ од 15.06.1868 г. за велешките учители пишува дека за нив „српски или бугарски е едно исто“, но дека тоа е „погрешно мислење“. И навистина, многу од нашите учители биле неуки, не знаеле ни името да си го напишат, а самиот Прличев вели дека учел историја во дуќанот на некој си Ангел Групчев (Григор Пърличев, Автобиография). Бугарите, Јордан Хаџи-Константинов Џинот го прават чист блгарин, но тој во својата наставна програма, користел и српски наставни книги како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кунчов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.).
 
За Никола Прванов, бугарски пишувач на книги, бугарскиот јазик е општословенски па вели „да ги спречиме македонските браќа да го користат налинот на кој Србите ги изговараат БУГАРСКИТЕ зборови...да не го акцентираат првиот слог“ („Читалиште“бр. 6, 1875 г.). Според цитатот на Прванов, тој смета дека и Србите говорат бугарски (мислејќи на словенски) и употребуваат „бугарски“ зборови.
 
Овдека ќе презентирам и каква историја се изучувала во тоа време. За Паисиј Хилендерски, кого бугарите го сметаат за првиот бугарски историчар, Бугарите биле чисти Словени и сите јужни Словени се Бугари, па вели: „од Балтичкото море, кај Брандибур, најпрво емигрирале Бугарите, а оние кои останале таму, се нарекуваат Словени (Славянобългарска история- „За славянските учители“, Паисий Хилендарски, а762 г.). Читателот веднаш ќе свати дека за Паисиј, сите западни Словени се Словени, а сите оние кои емигрирале (најверојатно мисли на јужни и источни Словени) се Бугари! Во бугарските преписи од 20 век на историјата на Паисиј, се наоѓа и наслов за Србите, како посебен народ, но, имајќи искуство со бугарската историографија на „прилагодување“ на историјата за проповедање бугарштина, не е чудно ако овој наслов е додаден по 1898 г. за прв пат оваа историја е објавена во Бугарија; едноставо, не е можно да се пишува дека сите Словени кои емигрирале од прататковината се Бугари, а само Србите да не се. Денеска, бугарската пропаганда за да натури бугарски карактер на пиринските Македонци, тврди дека Паисиј е по потекло од Банско, иако по јазикот на пишувањето се докажува дека е од Софиско, поправо од Кралев Дол, каде што во почетокот на 20 век се уште жувее неговата фамилија ( "Отец Паисий Хилендарски е родом в с. Кралевдол (Софийско)" , Веле Кралевски, в. "Независимост" (броя от 15.Х.1923 г.) / "Нещо за езика на Паисиевата история", Иван П. Кепов в кратката си статия в сп. "Родна реч" (1931/32 г., кн. II)). Читателот, само може да си замисли до каде иде бугарската пропагандна машинерија.
 
Современикот на Паисиј Хилендарски, отец Спиридон Габровски, во 1792 г. ја пишува „Историјата на бугарските народи“, за кого сите јужнословенски народи се Бугари, и Србите и Македонците- Словените. Во неговата кратка историја тој вели: „Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим...Илирите се нарекуваат Болгари...од Болгарите произлегоа Србите..., а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот...од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци (Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском, превод М. Г. Минчев (c), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. Кънчев (c), предп. инж. Д. Кънев, печ. УИ "В. Априлов" - Габрово, ИК "Луна", 2000 г. ; - Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Райков, БАК при НБ "Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", София, 1992 г.). Пак имаме доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните „Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (најверојанто Хрватите, Црногорците и Словенците).
Денеска, бугарската историографија сака да ги прикаже македонските преродбеници како национално свесни Бугари, што е чиста глупост. Бугарската пропагандна машинерија, ни прикажува само по некoлку зборчиња од нашите преродбеници каде стои „Бугари„ или „бугарски јазик“, но не целата содржина, плашејќи се да не се открие вистината, дека бугарско значело словенско.
 
Македонските преродбеници се сметале за директни потомци на античките Македонци, со македонска народна свест и тоа јавно го објавувале. За Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени („Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.). И за Ѓеорѓија Пулески античките Македонци се чисти Словени (Славјано-Македонска општа Историја, Софија 1893 г.).
Познатиот македонски ушебникар за основните училишта во Македонија, Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека се чисти Словени: „...Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари ... оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (в. Македонiя од 16.02.1871).
Во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречје)“, печатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува:
„П.[Прашање] Кои се оние Бугари (Словени), што се крстија во почетокот на први век после [[Рождество Христово]]?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун...
 
Апостол Павле ги покрстил прво античките Македонци во Филипи, а сето тоа е многу убаво објаснето во Библијата. Димитар Македонски сосема е сигурен во своето потекло- дека е ист со првите Христијани, крстени од Апостол Павле, а тоа се античките Македонци, кои според него се чисти Бугари (Словени).
 
Факт е, дека сите оние македонски преродбеници кои го користат бугарското име како словенско се школувани по грчките училишта. Сите тие прво биле гркофили, за дури при крајот на својот живот да сватат дека се Словени (они го користат терминот Бугари), што потврдува дека дома, од нивните родители, дедовци не биле воспитувани дека се бугари, туку напротив. Димитар Миладинов се школувал во Јанина, каде мнозинско население е влашкото, кое сите словенски народи ги нарекува со едно име- Бугари (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd).
 
Горноспомнатиот Славејков, во свој извештај за состојбите во Македонија од февруари 1874 г. до бугарскиот егзарх рапортира дека во разговор со македонските патриоти, забележал дека имаат прецизна мисла „Македонците не се Бугари“...и без оглед на цената сакаат да имаат своја сопствена црква. Тие имаат помош во нивниот сепаратизам од високи свештеници од Константинопол, пред се Натаниел Охридски, Панариот Пловдиски и Архимандритор Харитон Карпузов; во борците за возобнување на македонска независна црква, Славејков ги вбројува и Кузман Шапкарев, Димитар Македонски, отец Зверклиј Зогрљафски и отец Петар Димитров. Понатаму, Славејков зборува за за унијатењето на македонските црковни општини со Ватикан, само за да се ослободат од бугарската Егзархија или како што вели Славејков: „никој не бара вистинска унија со Римокатоличката Црква. Едноставно, тоа е средство за обновата на Охридската Архиепископија”; представникот на бугарската Егзархија во Македонија, известува дека македонското свештенство избрало и свои Митрополити на независната македонска црква, и тоа: отец Харитон за Митрополит Серски и Мегленски, отец Козма Пречистенски за Дебарски Митрополит, Отец Панариот за Пелагонски Митрополит, отец Нил Извороз за Солунски, Кукушки и Воденски Митрополит, отец Доротеј за Скопски Митрополит, отец Дионисиј за Архимандрит на струмичката епархија. Веќе претходно имало и унијатство со Ватикан на Македонците од Кукуш, Воден, Струмица и Малешево...(Dve pisma na P. R. Slaveykov za makedonizmot. - Razgledi XIV, 5(1972), p.561-566).
Македонската борба за црковна независност одела заедно со борбата на национално ослободување. Бугарскиот Патријарх Кирил, за оваа македонска црковнонационална борба за независност забележува: Агентите и приврзаниците на унијата во своето писмо до солунските епархиски претставници беа споменале за решавање на "македонското прашање" преку унијата. За да го искористат докрај огорчувањето во македонските епархии, тие ги засилиле обвинувањата против Егзархијата ...Како во 1860 г. кога агентите на унијата преку в. "България" што беа изработиле културно-национална програма за ослободување на бугарскиот народ од Патријаршијата преку склучување на унијата, така и сега тие се појавиле со определена програма за духовно-народносно ослободување на македонскиоте епархии преку унијата. Веке и во тековниот политички јазик на македонските дејци од тоа време се зборува за "македонско движење", под кое се разбирало независно црковно ослободување. Тука има, мегутоа, еден момент од важен политички карактер: сепаратизмот се проширува од црковна на поширока народносна основа." (Кирил Патриарх Български, "Егзарх Антим (1816-1888)", стр. 549-550).
Ѓорѓи Пулески (1838-1894), во 1875 г. во својот речник на македонски-турски-арнаутски, дава дефиниција за македонска нација, па вели: „Народ се велат луѓе кои имаат исто потекло и зборуваат ист јазик, кои живеат и се дружат меѓу себе и кои имаат исти обичаи и песни и прослави, тие луѓе се нарекуваат народ, а местото каде што живеат татковина на тој народ. Така, Македонците се народ (нација), а татковината им е Македонија (Пулески, „Резник од три језика, стр. 49, Белград 1875). Тој е исклучително интелегентен човек, самоук, не учел училиште, ни грчко, ни бугарско, ни српско; затоа, тој го пренесувал она што го слушал од своите домашни, од својот народ, дека се Македонци и секогаш се сметал за потомок на античките Македонци. Воедно, Пулески е и прв македонски историчар, со својата голема историја на македонскиот народ од 1660 стр., каде ја опфаќа историјата на Македонија од античко доба, па се до 19 век, а покрај секој историски податок го има дадено користениот извор. За Пулески, Мијак е кратка форма за Македонец и тие биле гардејците на Александар Македонски, додека Брсјаците биле неговата брза коњаница. Кога човек подобро ќе се продума, Мијаците најверојатно се дојдени од егејскиот дел на Македонија, од територијата меѓу Солун и Негуш, за што сведочат истите топоними во тој дел на Македонија и Мијачијата- с. Битуше, Маврово, Галичник (р. Галик во егејска Македонија) и како Мијаци го користеле своето национално име во Илирик. Во Македонци, Пулески ги вбројува и црните и белите шопи и сите останати македонски словенски племиња. За преселбата на словените од зад Дунав вели, дека тоа се избегани Македонци, после Римско-Македонские војни и тие луѓе се враќале само на своите огништа (Славјано-Македонска општа историја, Софија 1893 г.). Во 1880 г. Пулески ја објавува и првата граматика на македонскиот јазик „Слогница речоска“, а во ракопис му остана обемната граматика „Јазичница“. Бугарската историографија, на Пулески му наметнува дека потпаднал под српска пропаганда, па затоа станал „македонист“, што е еден голем абсурд. Пулески никогаш не се школувал во Србија, ниту живеел таму, ами се борел за слободата на Бугарија со своја чета и живее од 1878 г. во Софија се до својата смрт, 1894 г.
 
Кон македонските преродбеници ќе го придадам и Димитар Поп Георгиев Беровски ( 1840-1907 ), истакнат македонски револуционер. Тој е образуван човек, посетувал духовно училиште во Одеса, Русија. Раководел со Разловечкото и Кресненското востание, за ослободување од Османлиското ропство и познат е неговиот “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание. По уставот, во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4). Ова востание избувнува во источна Македонија, Малешевијата, на границата со права Бугарија, токму во периодот на формирање на бугарската држава 1878 г.. Македонската национална идеја е присутна: ослободување на цела Македонија и формирање една држава; востанието требало да се прошири во сите делови на Македонија (Член 125), а биле формирани чети во Костур, Тетово, Скопје, Горна Џумаја, Велешките области (Член 130); што е ова, ако не веќе оформен народ, кој се сметал за едно исто, без разлика дали потекнува од источна, западна, јужна или северна Македонија? Во член 15 од уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа, чл. 186, но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61).
 
Македонска родољубива интелигенција во Русија, собрана е во петроградската македонска колонија, која го издава списанието "Македонски глас", раководен од Димитрија Чуповски (роден во с. Папрадиште, велешко). За уредниците на "Македонски глас", Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, ниту Грци,...туку посебна нација, Славо-Македонци (From the article " K makedonskomu narodu" (To the Macedonian Nation), whose author wrote under a pseudonym ,Upravda", published in the journal .,Makedonskij gobs" - Organ storonnikov nezavisimoj Makedonii" (a Russian title which translates as "The Macedonian Voice - Organ of the Defenders of a Free Macedonia"), I, No.2, St. Peterburg, 27 јуни, 1913, p.26). Не можејќи како да оправда постоење на македонска национална свест во 19 и 20 век, бугарската пропагандна машинерија, секој национален свесен Македонец од спомнатиот период го нарекува „србоман“, вклучувајки го и Чуповски, Пулевски, Мисирков итн. Но, самите бугарски пропагатори си се вплеткуваат во мрежата од своите лаги, бидеќи колку се остри македонските национални дејци од 19/20 век против бугарската пропаганда, толку се остри и се борат против српската пропаганда. Доволно е да се отвори само некој број од "Македонски глас", да се видат десетиците статии против српскиот режим во Македонија, да се прочита „За Македонцките Работи„ каде Мисирков говори за српскиот национализам и шовинизам.
 
 
 
=== Извори за Македонскиот идентитет ===
 
* ''Види [[Бугарски извори за Македонскиот идентитет]]''
* ''Види [[Македонски извори за Македонскиот идентитет]]''
 
=== Напади врз Македонската национална самобитност ===
 
Тогаш, бугарските пропагатори удрија со голема жестина по ваквите македонски настапувања{{факт}}. Во овие настапи тие имаа силна подршка од грчките [[националист|националисти]]{{факт}}. Изјавите на [[Македонци|Македонците]] за [[физиологија|физиолошката]] врска со [[Антички Македонци|древните Македонци]](Види [[Македонски извори за Македонскиот идентитет]]), беа слабата точка, по која тие удираа. "''Како тоа денешните [[Македонци]] од словенско потекло да се викаат [[Македонци]] и своето потекло да го извлекуваат од древните Македонци, кога во времето на [[Филип II Македонски|Филипа]] и [[Александар Македонски]] ниту во [[Македонија]], ниту на [[Балкан]]от имало [[Словени]], кои на овие простории се населиле дури на крајот на 6 и во почетокот на [[7 век]]?''" Бугарските националисти се обидоа пред светот да докажат дека тука се работи за гркофилски настроени луѓе, кои од свои посебни интереси се декларираат со “грчкото" име [[Македонци]]. Во овие македонски истапувања [[Петко Рачев Славејков]] виде ''знаци на освестување'' на [[Македонци|македонскиот народ]]{{факт}} , и намерно го нарече за ''[[Куцовласи|куцовлашко]] чувство'' кое божем му е својствено само на [[Власи|Влавот]] или Гркот, а никако на Словенот, само да ја прикријат посебноста на [[македонски народ|македонскиот народ]].
 
Во почетокот, на тоа дека [[Македонци]]те истакнуваа, дека не се ни [[Грци]], ни [[Бугари]], ни [[Власи]] туку [[Македонци]], на почетокот многу слабо се обрнуваше внимание. Во [[Европа]] грчкото и бугарското кралско т.е. царско влијание беа многу посилни отколку македонското народно. Наспроти нив се јавуваа луѓе што се декларираа за [[Бугари]] или пак [[славофони Грци]]. Овие луѓе беа убедувани и плаќани од бугарските и грчките [[агитатор|агитатори]]{{факт}} и [[агент|агенти]] или како [[деца]] воспитувани во бугарските ([[Бугарска Егзархија|егзархиски]]){{факт}} и грчките ([[Цариградска патриаршија|патријаршиски]]){{факт}}[[училиште|училишта]] и [[црква|цркви]], дека тие се [[Бугари]] т.е. [[Грци]]. Дел од рускиот, српскиот и другиот славјански печат ги мислеше овие [[бугаризација|бугаризирани]] [[Македонци]] за вистинските водачи{{факт}} на [[македонски народ|македонскиот народ]].
 
Така и [[Европа]], на изјавите на македонските [[патриот]]и дека се [[Македонци]], веруваше, како што изнесуваа бугарскиот царски двор и бугарските [[националист]]и, дека тие низ долгодишното грчко духовно [[ропство]] ја заборавиле својата бугарска народност{{факт}} , па го прифатиле{{факт}} македонското географско име, кое за тогашниот европски свет беше синоним на грчкото{{факт}} , особено што во жолчната дискусија околу народниот карактер на [[Македонци|Македонците]] грчките националисти го земаа токму тоа именување на самите [[Македонци]] како најсилен “доказ" дека тие се “[[Грци]]".
 
=== Македонска национална преродба ===
 
* ''Види [[Крсте Петков Мисирков]]''
 
Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната [[национална афирмација]] беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на [[Балкан|Балканот]]. Од пробивот на [[капитализам|капитализмот]] на [[почва|почвата]] на [[Македонија]], па до формирањето на [[македонска нација|македонската нација]], [[македонски народ|македонскиот народ]] минуваше низ повеќе фази на [[преобразување]] што траеја половина [[век]].
 
Една од најтрагичните околности во кои започна [[македонска национална преродба|македонската национална]] [[преродба]] беше таа што токму во моментот кога почна да ги дава своите први знаци на посебен живот, во [[Македонија]] веќе беа присутни три соседни [[туѓа пропаганда|туѓи пропаганди]]. Тие веќе имаа постигнато своја независност и градеа [[стратегија|стратегии]]{{факт}} за ширење на своите држави на сметка на [[Македонија]], додека [[Македонија]] т.е. [[Македонци]]те сѐ уште се наоѓаа под османлиско турско ропство. Како поволна околност може да се смета дека Македонците за разлика од Србите, Грците и Бугарите не ја започнаа својата [[национална афирмација]] само со своето посебно изразито национално македонско име, туку за да се дистанцираат од [[Грци]]те, тие во првиот момент истапија со општото име на народноста - [[Словени]]{{факт}} , како некој вид [[презиме]].
 
== Врски ==
* [http://nka.com.mk/misirkov Крсте Петков Мисирков - За Македонцките Работи]
* [http://www.nepokor.org/Istorija/tekstovi/Misirkov.html Крсте Петков Мисирков – Македонскиот Културно-Национален Деец]
* [http://www.nepokor.org/Istorija/Jane_Sandanski.htm Македонскиот Пирински „Цар“]
 
[[Категорија:Историја на Македонија (1912-1944)]]
 
[[bg:Македонизъм]]
[[en:Macedonian nationalism]]
[[io:Macedoniana nacionalismo]]