Харем-и Хумајун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
 
Во харемот на султанот имало и робинки кои обично биле наложници и кои во харемот доаѓале кога биле продавани од страна на нивните родители за да се стекнат со образование. Девојките биле откупувани од 5-7 години и биле обучувани до 15 година од нивната возраст. Тие биле обучувани во музиката, готвењето, шиењето, уметноста и дворската етика како и за давање на максимално задоволство на мажите. При продажбата на своите ќерки, нивните татковци потпишувале посебен документ каде тие посочувале дека се согласуваат дека во иднина нема да имаат никакви претензии кон нивните ќерки и дека нема да се среќаваат со нивните ќерки до крајот на својот живот. Кога ќе влегле во харемот, девојките добивале ново или тајно име.
 
== Церемонија==
 
При изборот на султанската наложница таа требало да замине во одајата на султанот. Но претходно морела да помине преку неколку ритуали. Така за да биде избрана таа морала да добие од султанот одреден подарок, најчесто шамија или прстен. По поканата девојката одела во бања а по ова била облекувана во најубавите алишта и била придружувана до вратата на султанот. По влегувањето во неговата соба, таа требала да го чека султанот и во никој случај не смеела да легне во креветот пред да престигне султанот. По влегувањето на султанот во собата, таа коленичела пред султанот и му ги бакнувала неговите нозе. Утрото султанот испраќал подароци на наложницата во харемот а доколку на султанот му се допаднала таа останувала цела ноќ кај него.