Еден Азар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
}}
 
'''Еден Азар''' (роден на 7 јануари 1991 година) е белгиски фудбалер кој моментално игра за шампионот на европа Челси,во [[ФА Премиер лига|премиер лигата]], и за репрезентацијата на Белгија. Неговата позиција во тимот е офанзивен играч од средниот ред и крилната позиција. Хазард е познат по неговата креативност, брзина, техничка способност и е исто така познат како „бестрашен, експлозивно офанзивен играч од средниот ред, кој може да ја промени играта со промена на темпото или дриблинг. “ Тој, исто така е познат како “ ноќна мора за дефанзивците “ и доби позитивни критики за неговиот стил на игра, со што ги поттикна медиумите, тренерите и играчите да го споредуваат со добитниците на наградата “Најдобар фудбалер на годината” на ФИФА, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
 
Хазард е син на поранешните белгиски фудбалер и фудбалерка, Карин и Тиери Хазард и ја започна својата фудбалска кариера во Белгија играјќи за локалните клубови Ројал Стад Брајон и Тубице. Во 2005 година, тој го прифати предизвикот од Франција преминувајќи во прволигашот Лил. Хазард помина две години во младинската Академија на тимот, и на возраст од 16 години дебитираше во првиот тим во Ноември 2007. Во неговата прва целосна сезона како стартер, ја доби наградата Најдобар млад играч на годината од фудбалската унија на професионални фудбалери во Франција (УНФП), со тоа станувајќи првиот не-француски играч кој ја има добиено оваа награда. Во сезоната 2009-2010, Хазард повторно ја освои наградата, и со тоа стана првиот играч кој ја освоил оваа награда двапати. Тој исто така беше именуван во најдобриот тим на годината во лигата. Откако дебитираше во тимот во 2007, Хазард стана составен дел од тимот под раководство на менаџерот Руди Гарсија забележувајќи над 160 настапи. Во сезоната 2010-2011, тој беше дел од тимот на Лил кој ја освои двојната круна во Франција, Првенството и Купот, и како резултат на неговите настапи тој беше прогласен за најдобар играч во првенството од Унијата на професионални фудбалери (УНФП) и со тоа стана најмладиот играч кој ја освоил оваа награда.