Анадолски бејлици: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[İmage:Anadolu Beylikleri.png|thumb|350px|Анадолски бејлици]]
'''Анадолските бејлици''' или '''туркменистанските бејлици''' биле мали мали турски кнежества кои биле регулирани од страна на бегови и кои биле основани во Анадолија во текот на [[11 век]], како и по распаѓањето на султанатот на Селџуците во [[13 век]].
 
По селџучката победа во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]] и по освојувањето на Анадолија, Огузите започнале со населување на териториите на денешна Турција. Овие бејлици во текот на следните години добивале голема помош од Селџуците во замена за нивните услуги. Но со монголската инвазија од истокот силата на Селџуците се намалила а ова овозможило овие бегови да прогласат независност. По падот на централизираната моќ во Конија, голем дел од беговите започнале да создаваат сојузи и со подршка од Монголија прогласиле емиратства. Овие гази воини со слабеењето на Византија започнале да ги зазимаат нејзините територии.
 
До 1300 година, овие туркски сили стигнале до [[Егејско Море]]. Во почетокот како најсилни се издвојувале Караманија и Гермијан. Османоглу пак се наоѓал во северозападниот дел од [[Анадолија]], со седиште [[Согут]] и во почетокот оваа земја била многу мала и незначајна по моќ. По должината на егејскиот брег од север кон југ се наоѓале Кареси, Сарухан, Ајдин и Теќе. Исфендијар се наоѓач во регионот на Црното Море.
 
Осман бег започнал со освојување на византиските територии во првите години од 14 век. Со анексија на соседните бејлици Османоглу станале главни ривали на Караманија. До крајот на [[14 век]], Османогглу започнал со стекнување на останатите бејлици преку освојување, сојузништво или преку склучување на династички бракови. Следувал период на меѓусебни конфликти меѓу Караманија и Османоглу.
 
По основањето на Османлиската империја во времето на [[Мехмед I]] и неговиот син [[Мурат II]] поголемиот дел од овие територии биле вклучпени во Османлиската империја. Конечниот удар на Караманија бил даден во времето на Мехмед II кога поголемиот дел од Анадолија бил вклучен во империјата на Османлиите. Целосното обединување на Анадолија се случило во времето на [[Сулејман Величенствениот]].
 
Голем дел од поранешните анадолски бејлици станале основа при административната поделба на Османлиската империја.
 
[[als:Beylik]]
[[ar:إمارات الأناضول]]
[[az:Anadolu bəylikləri]]
[[bg:Малоазийски бейлици]]
[[br:Beylik]]
[[ca:Beyliks Turcs d'Anatòlia]]
[[de:Beylik]]
[[en:Anatolian beyliks]]
[[el:Τουρκομανικά εμιράτα]]
[[es:Beylicatos de Anatolia]]
[[fa:ملوک‌الطوائف ترکمن در آسیای کوچک]]
[[fr:Époque des beylicats]]
[[id:Beylik]]
[[it:Beilikati turchi d'Anatolia]]
[[he:הנסיכויות הבייליקיות באנטוליה]]
[[la:Beylik]]
[[hu:Anatóliai bejek listája]]
[[ja:ベイリク]]
[[no:De anatolske beyliker]]
[[pt:Beilhique]]
[[ru:Бейлик]]
[[tr:Anadolu beylikleri]]