Анадолски бејлици: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
По селџучката победа во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]] и по освојувањето на Анадолија, Огузите започнале со населување на териториите на денешна Турција. Овие бејлици во текот на следните години добивале голема помош од Селџуците во замена за нивните услуги. Но со монголската инвазија од истокот силата на Селџуците се намалила а ова овозможило овие бегови да прогласат независност. По падот на централизираната моќ во Конија, голем дел од беговите започнале да создаваат сојузи и со подршка од Монголија прогласиле емиратства. Овие гази воини со слабеењето на Византија започнале да ги зазимаат нејзините територии.
 
До 1300 година, овие туркски сили стигнале до Егејско Море. Во почетокот како најсилни се издвојувале Караманија и Гермијан. Османоглу пак се наоѓал во северозападниот дел од Анадолија, со седиште Согут и во почетокот оваа земја била многу мала и незначајна по моќ. По должината на егејскиот брег од север кон југ се наоѓале Кареси, Сарухан, Ајдин и Теќе. Исфендијар се наоѓач во регионот на Црното Море.