Антипартиска група: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
===Првото заседание на АСНОМ===
На Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), одржано на [[2 август 1944 година]] во манастирот [[Св. Прохор Пчински]], се донесени историски одлуки од кои најважни се решенијата за конституирање на македонската федерална држава и за прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава. Овие историски одлуки се потпишани од Претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто и од секретарот, Љупчо Арсов.
На седницата на Президиумот[[Президиум на АСНОМ]] од 6 август 1944 одржана во с. Рамно, Кумановско било одлучено како претставници на Македонија да се испратат на работа при НКОЈ: Киро Глигоров, [[Лазар Соколов]], [[Ацо Петровски]], [[Богоја Фотев]], Методија Андонов Ченто, за Бари: [[д-р Владимир Полежина]], [[Илија Џувалековски]], а за Москва: [[Димитар Влахов]] и [[Венко Марковски]].
На истата седница бил усвоен предлогот на Ченто (а по барање на Тито) да се испратат писма до ''“известни лица, кои ќе се повикат да се придружат на народноослободителната борба на Македонија”'' со што се тежнеело да се прошири основата на МНОД.
Кон остварувањето на овој заклучок се пристапило бргу за што говори и поканата со која Методија Андонов-Ченто и Емануел Чучков ги повикуваат дотогашните соработници на бугарскиот окупатор, [[Димитар Чкатров]] и [[Трајко Чундев]], да излезат на слободна територија и да им се приклучат на македонските партизани. Во поканата, меѓу другото стои: ''“…сите сили, сите политички лица, кои мислат добро за македонскиот народ да се обединат. На тој начин полесно можиме да се бориме за обединението на цела Македонија… Едно е важно да знаеш. Макар да има и комунисти во партизаните, борбата е општенародна и за демократизам...Важно е да се знае да слободна Македонија во нова федеративна Југославија е свршен факт. Но ние сметаме да е сега време да се бориме да се обедини цела Македонија зато е потребно да се обединат сите политически лица што мислат добро за Македонија. Затоа те викам, и ти да ја помогнеш таа свештена народна борба, да се реализираат вековните идеали за слободата на македонскиот народ во братство, слога и рамноправност со сите славјански народи”.''<ref>Покана од М.А.Ченто и Е. Чучков до Ј. Чкатров од 21.08.1944, Архив на Воено историскиот институт Белград, фонд: НОР у Македонији</ref>