Договор од Севр: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Севрскиот договор (10 август, 1920) бил мировен договор помеѓу Отоманската империја и сојузниците на крајот на Првата светска војна. Овој договор следувал по потпишувањето на [[Версајски договор|Версајскиот договор]] од страна на [[Германија]]. За разлика од Версајскиот, Севрскиот договор бил крајно неповолен за Османлиската империја. Османлиската империја била поделена меѓу Франција, Италија и Велика Британија. Овој договор бил поништен по започнувањето на Турската војна за независност и потпишувањето на [[Лозански договор|Лозанскиот договор]] од [[1923]] година на чело со Мустафа Кемал Ататурк.
 
Според договорот:
 
* Североисточните региони на Турција преминале кон Ерменија.
* Во југоисточните делови на Отоманската империја се предвидува формирање на независни држави Курдистан и Хеџаз (дел од денешна Саудиска Арабија).
* Месопотамија (Ирак), Палестина и Трансјордан преминале под Велика Британија под протекторат на Лигата на нациите.
* Сирија и Либан кон Франција под протекторат на Лигата на нациите.
* Северен Епир преминува кон новоформираната држава Албанија, под протекторат на Италија.
* [[Додеканези]] се предаваат на Италија.
* Источна Тракија со исклучок на Константинопол (Истанбул), Босфорот и Дарданелите (над кои се утврдува меѓународна контрола) како и островите Имброс и Тенедос, се даваат на Грција.
* Администрирањето и ексклузивните права врз областа Смирна (Измир) во Мала Азија, се доделува на Грција. По 5 години областа би можела конечно да биде присоединета кон нејзината територија.
 
 
Договорот ја обврзил Турција да ги намали своите вооружени сили на 50 000 луѓе.