Галиполска операција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Галиполската операција''' исто така позната како '''Дарданелска кампања''' или '''битката кај Галиполи''' била водена во текот на Првата светска војна во периодот од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година. Конфликтот бил меѓу силите на Антантата на чело со Велика Британија и Франција од една страна и Османлиската империја од друга страна. Целта на операцијата била по крајот на оваа битка да се навлезе кон престолнината Константинопол и да се обезбеди патот кон Русија. Овој обид не бил успешен и имал големи загуби и на двете страни. Оваа кампања се смета за една од најголемите победи на Турците во текот на Првата светска војна.
 
Овој конфликт од страна на зафатените народи бил прифатен со големо влијание. Во Османлиската империја или Турција, битката се сметала за голем момент од историјата на Турција за одбрана на татковината бидејќи самата Османлиска империја веќе одамна била во процес на распаѓање. Овој конфликт ја поставил основата за понатамошната војна за турската независност и формирањето на Република Турција по осум години на чело со Мустафа Кемал Ататурк кој бил командант во Галиполи.