Животна средина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиена последната промена во текстот (од 178.249.172.203) и вратена ревизијата 2730291 на EmausBot
Ред 14:
Освен како извор на енергија, светлината е важна и при добивањето на информации од околината за организмот. Човечкото [[око]], на пример, е способно да одговори на [[Бранова должина|бранови должини]] на светлината помеѓу 400 и 700 nm (ова е опсегот на гледање за човекот). Во рамките на овој опсег, чувствителноста е најголема во зелениот дел од [[Сончев спектар|сончевиот спектар]]. Ова е делот од спектарот во кој растенијата апсорбираат најмалку светлина, така што е главен дел од спектарот кој ќе се [[Одбивање на светлината|рефлектира]] назад во атмосферата.
 
Привремените варијации во светлината се исто така важна [[нервна дразба]]. Сите животни форми, од [[Бактерија|бактерии]] па сѐ до човекот, се способни да ги детектираат и одговорат на дневните светлосни [[Флуктуација|флуктуации]]. Таквиот одговор може директно да биде контролиран од присуството или отсуството на светлина ([[Биоритам|диурнални ритми]]) или, пак, може да продолжи дури и кога светлосната варијација ќе исчезне (циркадијални или околу-24-часовни ритми). При вториот случај, регулацијата е преку внатрешен молекуларен часовник, кој е способен да го предвиди дневниот циклус. Такви циркадијални часовници се ресетираат од светлината секој ден. Процесите кои се контролирани од циркадијалните часовници варираат од молекуларни промени ([[генска експресија]]) до промени во однесувањето (на пример, [[Сон|спиењето]] кај животните или движењата на [[лист]]овите кај растенијата).
 
Ултравиолетовото зрачење има способност да ги раскине [[Хемиска врска|хемиските врски]] и на тој начин да ги уништи [[протеин]]ите, [[липид]]ите и [[Нуклеинска киселина|нуклеинските киселини]]. Оштетувањето на [[ДНК]] може да доведе до генетски [[Мутација (генетика)|мутации]]. [[Озонска обвивка|Озонската обвивка]] во [[стратосфера]]та е одговорна за апсорбирање на поголемиот дел од ултравиолетовата светлина која стигнува до надворешната атмосфера. Затоа, со оштетувањето на [[озон]]от со разните [[загадувач]]и (во прв ред [[Алкилхалогенид|фреоните]]), многу поголем дел на UV зрачење достигнува до Земјината површина.