Кавкаски поход: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
== 1914==
 
Главна задаќазадача на османлиската влада била да ги врати териториите кои ги изгубила од претходната Руско-турска војна (1877-1878). Министерот за војна Енвер Паша не ги послушал советите од германската влада па еден месец откако била објавена војната тој тргнал во поход. И покрај својата големина од околу 200.000 војници, турската војска била лошо опремена за зимско војување. Од друга страна пак Русите имале околу 100,000 војници.
 
Во [[Битка кај Сарикамиш|битката кај Сарикамиш]] која започнала на 29 декември а завршила на 2 јануари 1915 година, турските сили претпиле катастрофален пораз. Во битката од околу 95,000 турски војници само 18.000 останале живи. Енвер Паша во [[Контантинопол]] за овој пораз јавно ги обвинил [[Ерменци]]те, одноно нивната нелојалност. Како православен народ, по култура близок со Русите, тие биле на руска страна. Веќе во февруари наредил разоружување на ерменските војници во турската армија по кое следувал т.н. Ерменски геноцид. Во исто време една мала турска армија се упатила од езерото Ван кон Персија по кое следувала војната во Персија.