Критско востание (1866-1869): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
== Позадина ==
 
 
Во времето на Грчката војна за независност бил зафатен и островот [[Крит]] но и покрај успесите во селата на крајот од војната островот останал египетска провинција како вазалство на Османлиската империја. Во [[1840]] година Крит бил вратен под директна контрола на Османлиите по неуспешното востание на островот кое било подржано од [[Грција]]. По востанието од 1858 година во Крит биле донесени некои привилегии на христијаните како еднаквост меѓу народот, право на вероисповед, образование и имот.
 
== Тек на востание ==
 
Востанието било објавено официјално на 21 август 1866 година. Во почетокот востаниците успеале да се стекнат со контрола на голем дел од островот. Во ноември 1866 година голема отоманска војска започнала со опсада на манастирот Аркадиј кој служел како седиште за бунтовниците. Во манастирот се наоѓале 259 востаници и околу 700 жени и деца. По неколку денови борба Османлиите влегле во манастирот и ги убиле поголемиот дел од луѓето а оние кои останале живи биле депортирани. Овој настан предизвикал големо внимание кај Западна Европа и Северна Америка.