Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

нема опис на уредувањето
с (r2.7.3) (Робот: Брише diq:Federico García Lorca)
 
Во [[1931]] година, заедно со [[Едуардо Угарте]], именуван е за директор на универзитетскиот театар "La Barraca". Во текот на [[1933]]-[[1934]] година патувал по [[Јужна Америка]] ([[Аргентина]], [[Бразил]] и [[Уругвај]]). Во декември [[1934]] година се вратил во [[Шпанија]]. Во јули [[1936]] година започнал бунтот на генералот [[Генерал Франко|Франко]]. Истата година, на 19 август, поради неговите напредни идеи, франкистите го стрелале во околината на Гранада.<ref>Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99.</ref>
 
 
== Творештво ==
Во својата поезија, Лорка најчесто обработувал мотиви од суровата [[Андалузија]], за кулите, камбаните и зорите на [[Гранада]], [[бик]]овите и тореросите, Циганите и нивите песни и ритми, насадите со [[маслина|маслини]] и [[портокал]]и итн. Неговите стихови се полни со сликарско-музички елементи, со компликувана оркестрација, голема звучност и меѓузвучност и бројни јазични пресврти. Иако во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, Лорка изградил оригинален и модерен поетски јазик. Лорка останал настрана од тогашниот водечки поетски правец во Шпанија - ултраизам (шпанска варијанта на [[модернизaм|модернизмот]]), но од него ги презел најсмелите и најтешките елементи.
 
 
Најпознати негови дела се:
* „Крвави свадби“ (драма)
* „Домот на Бернарда“ (драма).
 
 
Најпознати песни му се: "Неверна жена", "Плач за Игнасио Санчес Мехијас" (напишана по повод смртта на големиот пријател на Лорка - славниот шпански тореадор во август 1935 година) и "Романса на шпанската жандармерија".<ref>Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.</ref>
 
 
Во едно писмо, Лорка вака ја опишал својата книжевна постапка:
 
== Лорка како музичар ==
 
Лорка уште како дете покажувал голем музички талент, а подоцно, со години студирал музика и сонувал да постане музичар, а истовремено бил пријател со [[Мануел де Фаља]]. Лорка ги собирал и забележувал народните песни кои често ги хармонизирал и обработувал и често ги изведувал на клавир и ги пеел. Поради својата музичка дарба, уште во текот на животот го нарекле "Андалузиски славеј".<ref>Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.</ref>
 
== Наводи ==
<references/>
 
 
{{DEFAULTSORT:Гарсија Лорка, Федерико}}
 
49

уредувања