Османлиско-српска војна (1876-1877): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
 
Во почетокот на војната [[Отоманската империја]] располагала со вкупно 100.000 борци против Србија и Црна Гора. Српските сили биле приближно исти на број, но биле слабо подготвени за воените дејствија. Распределени во четири армии, наречени според реонот на дислокација - Дринска, Ибарска, Моравска и Тимошка армија.
 
На 20 јуни 1876 година српските сили започнале со напад и стигнале до [[Бела Паланка]] и [[Пирот]], но на крајот на месецот биле принудена да се повлчат назад во Србија. Во исто време, како резултат на битката кај Велики извори, Тимошката армија била одбиена од војските на Осман паша. Црногорците кои со своите напади започнале во Мостар им нанеле голем пораз на Османлиите, но српската инвазија во Босна пропаднала. Османлиските сили на 24 јули си го вратиле градот Кнежевац и започнале голема офанзива по кое големите европски сили започнале да се мешат во конфликтот барајќи примирје.