Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
== Клима ==
Срдедната просечна годишна температура на воздухот изнесува 13°С, со што Кочанската Котлина се вбројува во редот на топлите котлини во Македонија. Таа е слична на температурата на воздухот во Струмичката и Велешката котлина. Котлината изобилува со термални извори, од кои покарактеристични се оние кај селата [[Истибања]], [[Долни Подлог]], [[Бања (Кочанско)|Бања]] и [[Крупиште]]. Кај селото [[Долни Подлог]], близу [[Кочани]] сега се користат две дупнатини длабоки 35 и 460 метри со штедрост од 300л/сек. и температура меѓу 70-80°С<ref>[http://www.kocani.gov.mk Официјална веб страница на Општина Кочани]</ref>. Лековитите својства на термалната вода од Кочанската Котлина, според Ристо Чанев, се истоветни со водата во [[Негорски бањи]], кај [[Гевгелија]].
 
==Земјоделство, стопанство и економија==
 
Поради извонредно поволните природни услови, најразвиена стопанска гранка во Кочанската Котлина е земјоделството, односно првобитно полјоделството и градинарството, а потоа и сточарството. Најпознатата земјоделска и житна култура кој се одгледува од дамнина, а по која Кочанската Котлина е надалеку позната и прочуена во [[Македонија]] и на [[Балкан]]от е [[ориз]]от. Одгледувањето на ориз е застапено во илјадници хектари најповеќе во средишниот рамничарски дел на котлинското дно, а во функција на оризопроизводството се отворени и работат посебни погони и претпријатија како лупилници за ориз и оризова арпа како што се тие во [[Чешиново]], [[Облешево]], [[Оризари]]. Останати житни култури кои се одгледуваат во голема мерка се пченицата и пченката, како и стрмните жита пред се овес во котлинските рабови во Виничко. Се поголеми размери добива и градинарството, пред се одлгедувањето на познатите „кочански“ домати (патлиџани) кои се се повеќе застапени на пазарите во [[Скопје]]. Покрај домати, се одгледуваат и зелка, пиперки, компир, кромид, морков. Сточарството е најзастапено во северните делови на Кочанската Котлина и во подножјето на [[Осогово]], каде се одгледуваат голем број на стада на овци, а се отворени и приватни млекарници кои го произведуваат познатиот „Осоговски“ овчи и мешан кашкавал (с. [[Соколарци]]). Во рамничарскиот предел се одгледуваат и крупни говеда како крави и волови во помала мера.
 
== Наводи ==