Беласица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 50:
[[Податотека:Belasitsa.jpg|мини|десно|300п|Сателитска снимка на Беласица низ трите држави]]
 
'''Беласица''' е планина во југоисточниот дел од [[Македонија]] во близина на [[Струмица]]. Има напореднички правец на протегање исток - запад и должина од над 70 км². Спаѓа во групата најстари планини не само во [[Република Македонија]], туку и на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]]. Настанала за време на создавањето на [[Родопските Планини]]. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура планината е изразит [[хорст]] со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.<ref>''А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, [[ПМФ]], Скопје, 2003''</ref>
 
Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката [[Вардар]] на запад. [[Струма]] на исток, [[Струмичка Котлина|Струмичката Котлина]] на север и [[Дојранска Котлина|Дојранската]] и [[Серска Котлина|Серската Котлина]] на југ. Според висичината спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е [[Радомир (врв)|Радомир]] (Калабак) - 2029 м, наречен по царот [[Гаврил Радомир]], син на царот [[Самуил]]. На врв [[Тумба (врв)|Тумба]] се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, [[Бугарија]] и [[Грција]]. Тука е поставен граничен камен во вид на [[пирамида]], што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и др.<ref>''Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979'' </ref>