Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
===Граници===
 
Од сите четири правци, како и во однос на соседните области, Кочанската Котлина е одделена и воедно опкружена со планински венци и ридски предели. Јужната граница се наоѓа на билото на планината [[Плачковица]] и се протега во напореднички правец по врвовите Туртел (1607 м), Џамија (1569 м), Картал (1442 м), Козбран (1708 м) и Паруца (1356 м) и воедно претставува граница со Струмичко-радовишката Котлина<ref>Трифуноски, Ф. Јован. ''Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво''. Скопје, 1970 год. стр.7</ref>. Источната граница се протега во меридијански правец по билото на планината [[Голак]] со врвовите Обозна (1181 м), Јастребец (1273 м), Чавка (1538 м) и Бајрамица (1202 м) и истовремено претставува граница со соседните области [[Пијанец]] (Делчевско) и [[Малешево]] (Беровско-Пехчевско)<ref>Трифуноски, Ф. Јован. ''Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво''. Скопје, 1970 год. стр.7</ref>. Северната граница на Кочанската Котлина, која ја одделува од Злетовско-Пробиштипскиот крај, се наоѓа на пресеката помеѓу изразитиот планински дел и низниското подножје на [[Осогово]] на надморска височина помеѓу 1000 и 700 метри, близу селата [[Пресека]], [[Безиково]], [[Јастребник]], [[Лешки]], [[Пантелеј]] и [[Рајчани]]<ref>Трифуноски, Ф. Јован. ''Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво''. Скопје, 1970 год. стр.7</ref>. Западната граница, која ја одделува Кочанската Котлина од [[Штипско]], се наоѓа во долинот дел на сливот на Злетовска Река, десна притока на [[Брегалница]], во непосредната околина на [[Штип]]<ref>Трифуноски, Ф. Јован. ''Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво''. Скопје, 1970 год. стр.7</ref>.
 
== Историја ==