Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
[[Податотека:Kocanska_kotlina1.jpg|thumb|300px|Средишниот дел од Кочанска Котлина со поглед на селата [[Прибачево]], [[Зрновци]], [[Мородвис]] и [[Видовиште]]]]
[[Податотека:Kocani night.jpg|thumb|300px|Дел од Кочанска Котлина со поглед на [[Кочани]] на зајдисонце]]
'''Кочанската Котлина''' е котлина и [[долина]] по течението на реката [[Брегалница]] во нејзиниот средиштен тек, помеѓу планините [[Плачковица]] (1754 м) на југ, [[Голак]] (1538 м) на исток, [[Осогово]] (2085 м) на север и ридовите Горица, Аргулица и Селце (450 м) на запад<ref>Трифуноски, Ф. Јован. ''Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво''. Скопје, 1970 год. стр.7</ref>, во источниот дел на [[Република Македонија]], на географска ширина од 41° и 55' и географска должина од 22° и 25'.
 
==Географија и природни одлики==
 
ТааКочанската Котлина зафаќа површина од 1020 км² и се протега од двете страни на [[Брегалница]], од запад-југозапад кон исток-североисток, во должина од 26 км. Дното на Котлината, односно нејзиниот рамен дел зафаќа површина од 115 км². Најниска точка е во западниот дел, кај вливот на [[Злетовска Река]] во [[Брегалница]], каде има надморска височина од 290 метри. Одејќи кон исток рамнината постепено се издигнува, така што кај вливот на реката [[Осојница]] има височина од 330 метри. Разликата од најнискиот до највисокиот дел на полето изнесува 40 метри.
 
За одделни делови од Кочанската Котлина постојат посебни имиња. Така, средишниот дел е познат како Кочанско Поле (или само [[Кочанско]]), југоисточниот како Виничко, а западниот дел како [[Злетовица]]. Територијата пак околу поголемите села се именува како: Оризарско, Истибањско, Зрновско, Облешевско и сл.
 
===Граници===
 
Од сите четири правци, како и во однос на соседните области, Кочанската Котлина е одделена и воедно опкружена со планински венци и ридски предели.
 
Котлината има релјефна погодност и плодна почва, која заедно со расположивата хидрографска мрежа овозможува природно движење на водата и дозволува житните култури, посебно [[ориз]]от, да егзистираат во извонредни природни услови.