Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава es:Valle de Kocani
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
[[Податотека:Kocanska_kotlina1.jpg|thumb|300px|Средишниот дел од Кочанска Котлина со поглед на селата [[Прибачево]], [[Зрновци]], [[Мородвис]] и [[Видовиште]]]]
[[Податотека:Kocani night.jpg|thumb|300px|Дел од Кочанска Котлина со поглед на [[Кочани]] на зајдисонце]]
'''Кочанската Котлина''' е котлина и [[долина]] по течението на реката [[Брегалница]] во нејзиниот средиштен тек<ref>Трифуноски, Ф. Јован. ''Кочанска котлина - сеоска насеља и становништво''. Скопје, 1970 год. стр.7</ref>, во источниот дел на [[Република Македонија]], на географска ширина од 41° и 55' и географска должина од 22° и 25'.

==Географија и природни одлики==

Таа зафаќа површина од 1020 км² и се протега од двете страни на [[Брегалница]], од запад-југозапад кон исток-североисток, во должина од 26 км. Дното на Котлината, односно нејзиниот рамен дел зафаќа површина од 115 км². Најниска точка е во западниот дел, кај вливот на [[Злетовска Река]] во [[Брегалница]], каде има надморска височина од 290 метри. Одејќи кон исток рамнината постепено се издигнува, така што кај вливот на реката [[Осојница]] има височина од 330 метри. Разликата од најнискиот до највисокиот дел на полето изнесува 40 метри.
 
За одделни делови од Кочанската Котлина постојат посебни имиња. Така, средишниот дел е познат како Кочанско Поле (или само [[Кочанско]]), југоисточниот како Виничко, а западниот дел како [[Злетовица]]. Територијата пак околу поголемите села се именува како: Оризарско, Истибањско, Зрновско, Облешевско и сл.