Црква Света Софија (Истанбул): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Мозаици: proposition of images change
Ред 223:
 
=== Мозаик на царската порта ===
[[Податотека:Imperial Gate mosaic in Hagia SophiaHagia_Sophia_Imperial_Gate_mosaic_2.jpg|thumb|Мозаик на царската порта]]
 
Мозаикот на царската порта се наоѓа во [[калкан]]от над портата, која порта била користена само од страна на императорите при нивниот влез во црквата. Врз основа на проучувањата и испитувањата, мозаикот датира од крајот на [[9 век]] или од почетокот на [[10 век]]. Мозаикот се состои од некој од византиските императори како се поклонува пред Исус Седржател барајќи некаков благослов. [[Исус]] пак е седнат на својот престол и покажува [[нимб]], а во својата лева рака држи отворена книга<ref>[http://www.guideistanbul.net/ayasofya.htm Црква Света Софија]</ref>. Се смета дека станува збор или за императорот [[Лав VI Мудриот]] или пак за неговиот син [[Константин VII]]. Текстот од книгата гласи: „''Мир на Вас. Јас Сум Светлината на светот''“<ref>Библија (Јован 20:19; 20:26; 8:12)</ref>. На двете страни од Христос се наоѓаат два медалони: на левата е [[Архангел Гаврил]] а на десната е неговата мајка Марија.
Ред 229:
=== Мозаик на југозападниот влез ===
 
[[Податотека:Istanbul.Hagia Sophia075Hagia_Sophia_Southwestern_entrance_mosaics_2.jpg|thumb|Поглед кон мозаикот]]
Мозаикот на југозападниот влез се наоѓа во калканот над влезот од вратата. Овој мозаик според истражувањата датира од [[944]] година. Мозаикот бил откриен за време на реставрацијата во [[1849]] година од страна на браќата Фосати. На мозаикот е претставена [[Пресвета Богородица]] како седи на својот престол под [[пиедестал]]от, кој бил изработени од скапоцени камења. Детето [[Исус]] седи во нејзиниот скут, држејќи ја неговата лева рака за да даде благослов на двајца императори. На левата страна стои императорот [[Константин Велики]] со обредна облека, а во својата рака држи модел од градот на [[Пресвета Богородица]]. На натписот веднаш до него, кон левата страна пишува: „ ''Големиот император Константин на светците''“. На десната страна стои императорот [[Јустинијан I]], исто така со обредна облека, а во својата рака држи модел на црквата Света Софија. На медалјоните од двете страни на главата на Пресвета Богородица се испишани буквите MP и ΘY, односно кратенка за "''Mētēr''" и "''Theou''", што во превод значи Мајката на Господ.
 
=== Апсиден мозаик ===
 
[[Податотека:Hagia Sophia Interior Virgin 2007Apse_mosaic_Hagia_Sophia_Virgin_and_Child.JPGjpg|thumb|200п|Апсиден мозаик]]
Овој мозаик освен апсиден, се нарекува и Мозик на Богородица со нејзиното дете. Овој [[мозаик]] бил првиот кој бил направен по крајот на иконоборството. Тој бил инаугуриран на [[29 март]] [[867]] од патријархот [[Фотиј I Константинополски]] и императорите [[Михаил III]] и [[Василиј I]]. Мозаикот се наоѓа на една од куполите во црквата, односно на [[апсида]]та. На мозаикот е претставена Пресвета Богородица како седи на својот престол, а во нејзиниот скут го држи своето дете Исус. Нејзиниот престол и пиедестал се украсени со скапоцени камења. Се смета дека овој мозаик бил реконструиран од претходен мозаик кој датирал од [[6 век]], и кој бил уништен за време на иконоборството во [[Византија]]. Сепак, не постојат никакви податоци за ликовна декорација на овој дел од храмот пред да започне иконобарството, ниту пак доколку постоела, за каков мозаик станувало збор. Позадината на мозаикот е позлатена. Портретите од архангелите Гаврил и Михаил во голема мера биле уништени, а датираат од [[9 век]].
 
Ред 243:
=== Мозаик на императорка Зоја ===
 
[[Податотека:Byzantinischer Mosaizist um 1020 001Empress_Zoe_mosaic_Hagia_Sophia.jpg|thumb|Мозаик на императорката Зоја]]
Мозаикот на императорката Зоја се наоѓа на источниот ѕид од јужната галерија. Овој мозаик се претпоставува дека бил направен во текот на [[11 век]]. Христос Седржател, облечен во темно сина наметка (како и секогаш, според традицијата на [[византиска уметност|византиската уметност]]), седи во средината на мозаикот давајќи го својот благослов со десната рака и држејќи ја [[Библија]]та во левата рака.
 
Ред 251:
 
=== Мозаикот на Комнен ===
[[Податотека:Istanbul 2009 Comnenus MosaicsComnenus_mosaics_Hagia_Sophia.JPGjpg|thumb|right|Мозаикот на Комнен]]
 
Мозаикот на Комнен се наоѓа на источниот ѕид од јужната галерија. Овој мозаик бил направен во [[1122]] година. Пресвета Богородица стои во средината, прикажана, како во традиционалната византиска уметност, во сина наметка. Таа го држи детето Исус во скутот. Исус со својата десна рака дава благослов, а во својата лева рака држи свиток. На десната страна од моазикот е прикажан византискиот император [[Јован II Комнен]], претставен во традиционална облека и направен од скапоцени камења. Во својата рака императорот држи кеса, која претставува симбол на донација на црквата според христијанската традиција. Неговата сопруга [[Ирина (сопруга на Јован II Комнен)|Ирина]] е облечена во церемонијална облека и нуди свиток или некој официјален документ. Самата императорка е прикажана со руса коса, румени образи и сиви очи, откривајќи го своето унгарско потекло.